17.4 C
Ohrid
понеделник, септември 20, 2021
Почетна Македонија Спасовески: Имаме сознанија дека Мијалков е сеуште во Македонија..

Спасовески: Имаме сознанија дека Мијалков е сеуште во Македонија..

Translate (Eng):[gtranslate]

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешната прес конференција соопшти дека веројатно Сашо Мијалков се уште е во земјата.

-Сите наши анализи укажуваат дека Сашо Мијалков сѐ уште е во државата и не ја напуштил Република Северна Македонија. Ако знаевме точно каде е, ќе беше во притвор, но сите анализи и претражни постапки, а и наша увереност е дека тој е во нашата држава и работиме на неговото пронаоѓање и изведување пред лицето на правдата, рече Спасовски.
Тој додаде дека за случајот има приведени лица.

-Во однос на личната одговорност, сметам дека треба одговорост за погрешно постапување. Давањето на оставка нема да ги реши проблемите, само ќе дојде до триумф на криминалците. Сметам дека треба да има детална истрага, доколку има некој кој допринел за ова да носи кривична одговорност, не само морална, одговори Спасовски на прашањето дали ќе си поднесе оставка поради бегството на Мијалков, кое доаѓа на две години по бегството на Никола Груевски, кое исто така беше во неговиот мандат како министер за внатрешни работи.

РЕКЛАМА

Тој дека се постапува спред насоките и мора да ја бараме одговорноста во системот.

Доколку имаме вакви сериозни пропусти секако дека ќе има и нови вакви настани. Ова треба да биде аларм до сите да се консолидира системот. МВР ги извршува наредбите, дециден е Спасовски.

- Реклами -