8.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонијаEден од осудените на доживотна казна затвор Агим Исмаиловиќ: Јас не сум...

Eден од осудените на доживотна казна затвор Агим Исмаиловиќ: Јас не сум Мијалков или Груевски да ви избегам.

Агим Исмаиловиќ, еден од обвинетите во “Монструм”, денеска доби доживотна казна затвор.

Исмаиловиќ по пресудата прокоментира дека нема да бега како што тоа го направиле Никола Груевски и Сашо Мијалков.

“Јас кажувам дека немам ништо со ова кривично дело. Вие решавате и во врска со предлогот за притвор, да ви укажам дека сум бил на слобода три години, и до последниот ден кога бев на слобода, и кога беше даден предлогот за притвор од страна на обвинителството, ви ветив било каква одлука да донесе овој суд, јас нема да бегам и ќе одговарам на секој повик и ќе бидам достапен на законот. Јас нема да бегам како што избегаа Груевски, Мијалков и другите”, рече Исмаиловиќ.

Тројца обвинети во случајот „Монструм“ се осудени на доживотен затвор, двајца на 9 и 15 години, а еден е ослободен. Вака заврши второто судење за петкратното убиство кај Смилковското Езеро.

Потсетуваме, убиствата кај Смилковското езеро се случија на 12 април 2012 година, на Велики четврток, пред празникот Велигден.

Притоа беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Охриѓанецот Давид Крстески е нашиот херој од последното Европско Таеквон-до ИТФ првенство освојувајќи бронзен медал во борби

Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација од 15-ти до 22-ри април 2024, учествуваше на Европското Таеквон-до ИТФ првенство кое се одржа во Копер, Словенија. На ова...

Полициските чувари од прилепскиот Затвор на протест- Се плашат за својата безбедност од високо-ризичните осуденици

- Полициските чувари од прилепскиот Затвор на протест, се плашат за својата безбедност од високо-ризичните осуденици кои ги чуваат – ...

73 годишен Тетовчанец, ја затворил снаата во соба и ја тепал.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.К.(73) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ при семејно насилство и...

Ученикот кој претепа наставничка, од „Димо Хаџи Димов“ ќе биде префрлен во „Владо Тасевски“

Институциите, општината и основното училиште по претседателските избори ќе бараат решение за ученикот кој вчера претепа наставник и нападна ученици, а потоа беше приведен од...