6.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаЗдружениете на Египќаните побара од јутуберот Ритко јавно извинување: Но тој им...

Здружениете на Египќаните побара од јутуберот Ритко јавно извинување: Но тој им врати во негов стил.

Здружението на Египќаните од Охрид Пирамида  побара јавно извинување од Јутуберот Ритко, се вели во соопштението од Здружението на египќаните. Тие во истото додаваат:

Доколку Ритко Мемедов не се произнесе после неговото видео извинувајќи се ЈАВНО на египќаните , во следниот период ќе поднесеме кривична пријава за :

– Говор на омраза и нетрпеливост кон Египќаните..

После ова барање се огласи јутјуберот Ритко:

Јас Ритко Мемедов не ги навредив и не им се заканав на Египќаните па да побара некој извинување од мене и тоа јавно… Јас прашав дали истите тие се фамилија на Клеопатра а добро знаеме дека Клеоптра е од Египет и јас тука не гледам навреда вели Ритко за Шило. Кога сме кај заканите прво нека научат што значи хумор сатира или пак закана.

Кога сме кај заканите истите тие мене јавно ми се закануваат по животот мој и по животот на мојата мајка, и покрај тоа им давам мотив им се смеам на сето тоа и не враќам на нивните провокации. Слушам секојдневно муабети како ќе дојделе во мојот дом ќе ми е искршеле опремата од глава и што уште не…  Уште еднаш ја користам оваа прилика да се искажам јавно преку вашиот медиум дека сите сме ние Македонци родени во Македонија зборуваме на македонски, а тоа кој од каде е и не е толку важно сега, на тој што не му се допаѓа мојот хумор и не сака да ме гледа никој не го тера со сила.

Ние Ромите сме биле исмејувани во скечеви во телевизиски приказни во разни вицови како сме не капени како бараме пари итн но ни еднаш не сме се пожалиле или заканале кон некој со тужба, едноставно уживаме во хуморот или пак просто кажано знаеме да го живееме животот без зло и омраза кон некој. Јас Ритко Мемедов откако почнав да заработувам поголема сума на пари започнав уште истиот момент да помагам, и ќе продолжам да помагам на болни, гладни, без разлика дали се тоа Египќани Роми Албанци Власи Срби, итн. Сите ние сме Македонци и доста е предрасуди и етнички поделби, но нема да дозволам некој јавно да ми се заканува кон мене и кон мојата мајка !!

Го запрашавме какви се тие закани и од кого се?

Ритко: Тие закани се прикачени на мојот официјален Фејзбук профил со име и со презиме со цел да им докажам и покажам дека не се плашам од никој, и не барам јавно да ми се извини  или ќе го тужам, ги објавувам за да им се смее секој на нивниот простотилук, и за крај нема наши ваши, сите сме мафијаши хахах Позз Ритко.

Во продолжение ви го прикажуваме видеото за да знаете како дојде до сето ова, а кој е во криво или во право може да оценете сами…

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...