7.1 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаОливер Спасовски: Тој што е приведен пред лицето на правдата, во главата...

Оливер Спасовски: Тој што е приведен пред лицето на правдата, во главата му се вртат мисли само како да побегне..

Во гостувањето во „Утрински брифинг“ министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски изјави дека обвинетиот екс директор на УБК Сашо Мијалков беше 40 часа недостапен за органите на прогонот.

– Многу саати се изгубени во подготвувањето на решенијата за притвор и клучот на проблемот е токму тука. Генерално мора да го консолидираме системот. Што значи тоа – ако видите дека во одреден сегмент тој систем не е функционален, тој мора да се подобрува. Тој што е приведен пред лицето на правдата има само една мисла во главата – како да избега и ништо друго. Ние, државата мора да биде подготвена, институциите мора да функционираат да се создаде систем кој што ќе овозможува брза, ефикасна и навремена акција. Системот функционира кога сите заедно, делуваме во одреден момент. Се изврши притисок, се разговараше за постапки наблокада на имот, приведување на лицата кои биле во неговото опкружување. Тоа е притисокот кој што го прави системот во одреден момент. Кога зборувам за неговата нефункционалност и консолидација, треба да видиме кои се сегашните законските норми. Тие го предвидуваат патот по кој што одиме сега, рече Спасовски.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Јакимовски од Охрид: Треба да направиме автопат од Св. Стефан до Св. Наум, да направиме тунел под Галичица

Јакимовски, вчера попладне оствари средба со граѓани на Охрид, пред кои ги презентираше седумнаесетте точки од предизборната програма за претстојните претседателски избори. Доколку ја добие...

Таравари: Гарантираме 800 евра минимална плата !!!

Претседателскиот кандидат на ВЛЕН, Арбен Таравари на денешната прес-конференција рече дека на овие избори има целосно единство на албанската опозиција и тоа гарантира победа,...

Почина познатиот македонски моторџија Тони Шипка.

На 48 годишна возраст почина познатиот македонски моторџија Тони Шипка, соопшти неговиот клуб LOWLANDERS MC MACEDONIA на социјалните мрежи. – Почина Тони Шипка, човек кој...

Традиционално од Света Петка Велгошти, ВМРО ДПМНЕ ја започна парламентарната кампања.

Огромен број граѓани вечерва присуствуваат на големиот народен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид од каде партијата традиционално ја започнува кампањата за парламентарните избори. Кандидатите за...