10.6 C
Ohrid
вторник, април 23, 2024
ПочетнаМакедонијаСе урива ресторанот и добро познатата дискотека Парк во Охрид- Инаку овој...

Се урива ресторанот и добро познатата дискотека Парк во Охрид- Инаку овој специфичен објект е дело на познатиот охридски архитект Павел Балабанов.

Во периодот кога е неизвесно дали Охрид ќе го задржи или не статусот град под заштита на УНЕСКО, на охридското крајбрежје се урива ресторанот и дискотеката Парк и тука најверојатно се подготвува изградба на нов хотел, предупредуваат од граѓанската иницијатива Охрид SOS.

Објектот се наоѓа во рамките на катастарската парцела 5972/3, дел од катастарска општина Охрид 4. Во податоците за објектот стои класа А2-1 што според Правилникот од најновиот Закон за урбанистичко планирање е „мали станбени згради до 10 станбени единици слободностоечки“.

– Со право стравуваме, имајќи предвид колкав беше по обем и висина некогашниот хотел „Парк“, а колкаво здание се издигна потоа, узурпирајќи го брегот и некогашното пристаниште пред хотелот (како јавен простор), а дополнително користејќи државно земјиште каде што се базенот и игралиштата, за што досега не сме добиле информации од институциите на каков начин и под кои услови им е отстапено на користење, потенцираат од Охрид SOS.

 

КП 5972/3 влегува во ТК Горица 2 ПО 2, за кој досега не е усвоен урбанистички план. Кога во 2018 година присуствувавме на јавната расправа за СОЖС (Стратешка оцена за влијанието врз животната средина) за УПВНМ за дел од ТК Горица 2, ПО 2 во Општина Охрид, на нашето прашање како може да се изготви студија, да се процени влијанието кога нема плански документ, добивме некои нејасни и контрадикторни објаснувања од „Енвиро ресурси“, изготвувач на „студијата“. Исходот од овој процес остана непознат, бидејќи изготвувачот на СОЖС не одговори на нашите коментари на што е обврзан со закон. Инаку, објектот на ресторанот е во Зона I или појасот од 50 метри од КП Охридско Езеро, каде, според Планот за управување, забранета е надградба или доградба на постоечките објекти и изградба на нови.

Во меѓувреме ќе испратиме барање за слободен пристап до информации од јавен карактер, меѓу другото да ни се достави УПВНМ за дел од комплекс Горица опфат 2 доколку е донесен, мислење од Комисијата за управување со природното и културното наследство на Охридскиот регион, планскиот документ според кој се вршат подготвителни активности на КП 5972/3 КО Охрид 4 и конзерваторско одобрение од УЗКН. Дали некој е привилегиран, над законот, или важат за нив специјални услови, кои се во спротивност со наводните заложби на македонските институции за исполнување на препораките на УНЕСКО“, се вели во соопштението на Охрид SOS.

 

Инаку овој специфичен објект е дело на познатиот охридски архитект Павел Балабанов, кој за него го добил специјалното признание на Биеналето на македонската архитектура за 1989 година.

извор: Охрид SOS

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полициските чувари од прилепскиот Затвор на протест- Се плашат за својата безбедност од високо-ризичните осуденици

- Полициските чувари од прилепскиот Затвор на протест, се плашат за својата безбедност од високо-ризичните осуденици кои ги чуваат – ...

73 годишен Тетовчанец, ја затворил снаата во соба и ја тепал.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.К.(73) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ при семејно насилство и...

Ученикот кој претепа наставничка, од „Димо Хаџи Димов“ ќе биде префрлен во „Владо Тасевски“

Институциите, општината и основното училиште по претседателските избори ќе бараат решение за ученикот кој вчера претепа наставник и нападна ученици, а потоа беше приведен од...

19-годишник и малолетник завршиjа во полиција – Го прекршиле изборниот молк !!

Две лица од тетовско со лепење плакати за кандидат за претседател го прекршиле изборниот молк. Министерството за внатрешни работи информираше дека утрово во 01.05...