9.4 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонијаСудот побарал аудио и видео надзор за Мијалков, но од МВР велат...

Судот побарал аудио и видео надзор за Мијалков, но од МВР велат ние немаме таква опрема, но поставивме силно полициско обезбедување што ќе го заменат видео надзорот.

Сашо Мијалков требаше да биде под 24 часовен аудио и видео надзор, така одлучи Кривичен суд, но за тоа МВР нема таква опрема, објави Телма.

– Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција соопштува дека обвинетиот Сашо Мијалков во попладневните часови се јави во обвинителството и притоа му е врачено Решение за определена мерка куќен притвор. Пред два дена како резултат на оперативни сознанија кои укажуваа на можност од бегство, на предлог на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Основниот кривичен суд – Скопје со Решение на обвинетиот Сашо Мијалков му определи мерка куќен притвор и 24 часовен видео и аудио надзор. До денес обвинетиот беше недостапен за органите на прогонот, се велеше во вчерашното соопштение од одделението за гонење на организиран криминал и корупција.
Како што објави денеска Телма, Министерството за внатрешни работи немало таква опрема за 24 часовно следење со аудио и видео.

Oва е новина во законот која никој до сега не ја применил а според извори на Телма во судот ова е прв ваков случај што се применува токму за Мијалков.

Наместо тоа сега од МВР за Телма велат дека распоредиле голем број на полицајци околу куката па тие ке го заменат видео надзорот.

Инаку токму додека во неделата полицијата го следела неговото движење тој исчезна и се врати сам со објаснување дека се изолирал поради ковид симптоми.

 

spot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ковачевски: Очекував подобри резултати, но јасно е дека граѓаните не казнија

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача дека јасно е оти граѓаните ги казниле. Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не...

Пендаровски: Од утре се гледаме на терен, почнуваме од нула

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски. „Од утре продолжуваме со средби...

Засилено полициско обезбедување: ДУИ слави и во Скопје и во Мала Речица

Приврзаниците на ДУИ вечерва на плоштадот „Скендербег“ во Скопје слават по објавата на првичните резултати од првиот круг од претседателските избори, според кои нивниот...

Дурловски: Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно

Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно. Слава ти Господе!, порача вечерва Игор Дурловски, по објавата на...