10.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонијаФатмир Битиќи до угостителите: Важно е здравје да има па се друго...

Фатмир Битиќи до угостителите: Важно е здравје да има па се друго ќе пребродиме заедно, се бориме против невидлив непријател мора да разберете и вие…

Угостителите и организаторите на свадби денеска одржаа протест пред Владата, барајќи нови протоколи што ќе им овозможат да продолжат со организирање на прослави и соодветна помош од државата, при што нивни претставници се сретнаа со заменик премиерот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи.

Во разговорот со Битиќи тие посочија дека помошта што ја добиваат од државата не е доволна и дека бараат да им се дозволи работа по протоколи на а-ла-карт рестораните, бидејќи сметаат дека објектите се доволно безбедни за да почнат со работа.

Битиќи, од своја страна, истакна дека мутацијата на британскиот сој на коронавирусот и бројките на заболени лица од Ковид-19, во моментов не дозволуваат олабавување на мерките, а главниот збор за тоа го имаат медицинските лица и се зависи од одлуката на Комисијата за заразни болести.

– Жалам што сте доведени во ситуација да протестирате, но сметам дека сите заедно сме доволно разумни да разбереме дека се бориме против непознат непријател, кој што за тие што не го прележале се надевам дека никогаш нема да го прележат, а тие што се заразиле се надевам дека лесно го пребродиле, истакна Битиќи.

Тој додаде дека тие што биле позитивни на вирусот и потешко го пребродиле вирусот многу е тешко да зборуваат за што било надвор од здравјето.

– Сега ви зборувам како човек, а не како функционер, јас сум еден од тие што потешко го помина вирусот и денеска пред се, здравјето на секој еден од вас ми е поважно од последиците што може да ги имаме затоа што тоа ќе го надоместиме заедно. Сите работодавци ќе бидат поддржани и во моментов се поддржуваат со мерки за вие да продолжите со работа, но нема да може да работите, ако за жал вие бидете заразени или сте во здравствена состојба што нема да ви дозволи да го правите тоа, посочи Битиќи.

На прашањето зошто Битиќи предложил законско решение за тие што работат во неформална економија да бидат ставени во формалната економија, тој истакна дека тоа е единствениот начин на кој што државата може да одговори на потребите на тие што се засегнати.

– Се додека не се дел од институциите и од формалното функционирање во државата, државата не може да ги идентификува, додаде Битиќи.

Перица Голомејиќ од Иницијативен одбор за организирање на протестите истакна дека главната цел на овој состанок е да се пронајде решение за состојбата во која што угостителите и организаторите се наоѓаат речиси една година.

– Средбата помина добро, се договоривме за повторна средба заедно со Државниот пазарен инспекторат, се со цел да го разгледаме протоколот за да можеме ние да почнеме со работа, согласно сегашните протоколи по кои работат а-ла-карт рестораните, посочи Голомејиќ.

Тој додаде дека генерално се задоволни од првата средба со заменик претседателот Битиќи, а нивното главно барање е да почнат да функционираат како а-ла-карт рестораните и да се тргне Членот 14 – Забрана за организирање прослава.

Според него, прославите ќе бидат организирани со 40 до 50 лица, во зависност од тоа кој каков капацитет има во локалот, согласно протоколите. Голомејиќ истакна дека во првите два месеци ќе работат без музика и дека музиката не е главен проблем, односно почитувањето на протоколите, бидејќи теоријата и праксата не соодејствуваат во моментов.

тв21

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Македонија му е во срцето: Ова е внукот на Јане Сандански

На собирот во Мелник пред неколку денови имаше стотици присутни Македонци.Меѓу нив беше и внукот на Јане Сандански. Тој вели дека Македонија му е...

Гласачките места се отворија во 7 часот, право на глас имаат 1.814.317 граѓани

Гласачките места се отворија во 7 часот, право на глас имаат 1.814.317 граѓани.. Во 7 часот почна гласањето на првиот круг од седмите претседателски избори....

Охриѓанецот Давид Крстески е нашиот херој од последното Европско Таеквон-до ИТФ првенство освојувајќи бронзен медал во борби

Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација од 15-ти до 22-ри април 2024, учествуваше на Европското Таеквон-до ИТФ првенство кое се одржа во Копер, Словенија. На ова...

Полициските чувари од прилепскиот Затвор на протест- Се плашат за својата безбедност од високо-ризичните осуденици

- Полициските чувари од прилепскиот Затвор на протест, се плашат за својата безбедност од високо-ризичните осуденици кои ги чуваат – ...