12.9 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаМакедонијаЗа првпат на Нетфликс - Охрид, Езерото и Галичица

За првпат на Нетфликс – Охрид, Езерото и Галичица

spot_imgspot_img

Двајца другари на крајот од 2018 година тргнаа од Берлин до Пекинг со една цел, собирање на донации за изградба на школо во Гватемала. Во следните 15 000 километри на карта ја ставија Македонија, а најмногу се задржаа покрај Охридското Езеро т.е. Охрид и Галичица.

По 9 месечното патување, некаде кон средината на 2019 година пристигнаа во Пекинг, Кина каде започнаа реализација на нивната цел т.е. изградба на школото од собраните донации. За среќа таа цел не застанува и до денеска се изградени не едно, туку три школи, каде повеќе од 1500 дечиња учат. Донации сеуште се собираат, а доколку сакате да донирате посетете го следниот линк: https://fundraise.pencilsofpromise.org/fundraiser/1461790

За време на нивното патување низ 20 земји се снимаше документарен филм Biking Borders за нивното патешествие, културата на народите и природните убавини, а пред 3 дена тој документарец имаше премиера на светски познатите сервиси Netflix и Amazon Prime.

Во Охрид се снимаше на неколку локации т.е. Градиште, Галичица, Рача и центарот на градот во текот на ноември 2018, минатата година. За тој дел помогна Стојан Стојановски 2С кој со задоволство излезе во пресрет и ги сними заедно со нив најдобрите моменти од природата што може да ги понуди во тој период Охрид.

 

Со тоа што Охрид, Охридското Езеро и Галичица за прв пат се појавува на Нетфликс, Стојан Стојановски низ документарецот Biking Borders запиша историја во филмската индустрија за овој регион, а пред се ќе биде огромна промоција во светот каде Netflix до денес брои над 203 Милиони корисници.

Моментално премиерно Biking Borders оди на Netflix во Европа, а следните месеци ќе биде достапен во сите земји.

Превземено од охрид инфо -Линк до статијата …..

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Врховен одлучи: Таткото на убиената Вања оди во домашен притвор

Врховниот суд на Република Северна Македонија ја уважи жалбата на таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, ја укина определената мерка притвор и за обвинетиот определи...

Стојанче: Овојпат ДУИ мора да падне, со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме

По вчерашниот пораз на СДСМ утрово се огласи и Стојанче Ангелов. СЕГА ИЛИ НИКОГАШ! Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ...

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Џаровски соработуваше со најголемите југословенски естрадни...

Доктор Нико си тера мајтап: „Стефчо Јакимовски собра повеќе потписи од гласови“,

Вечерва, кога веќе се познати изборните резултати, кандидатот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски освои околу 5.500 гласови, доктор Нико Беќаровски објави хумористичен статус за него. „Стефчо...