8.8 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаМакедонијаПолициски инспектори во цивил, дале наредба да се избришат снимките од денешните...

Полициски инспектори во цивил, дале наредба да се избришат снимките од денешните протести..

spot_imgspot_img

Репортерот на „Слободен печат“ Михаило Донев кој денеска известува во живо од протестите за случајот „Монструм“ кај Мавровка беше принуден од полициски инспектори во цивил да го избрише снимениот материјал, кој патем публиката имаше можност да го следи преку социјалните мрежи.

Имено, колегата Донев во мешаницата настаната при пресингот на полицијата врз демонстрантите и нивното потиснување кон Битпазар, бил легитимиран од три лица кои се претставиле како инспектори во МВР, и му ја побарале новинарската легитимација, но тој во меѓувреме ја загубил и им дал лична карта како што му побарале.

Откако се легитимирал уредно, едниот од нив побарал од него да го избрише снимениот материјал со образложение дека „на снимките им се гледаат лицата па потоа некој ќе им ги запали автомобилите“ иако камерата на нашиот репортер цело време беше насочена кон толпата која на моменти фрлаше камења и шишиња кон полицискиот кордон.

Поради чувствителниот и тензичен момент колегата Донев постапил по наредбата од полицискиот службеник чија идентификација не била видлива, што пак , „Слободен печат“ како редакција го смета за опструкција во извршувањето на професионалната новинарска задача.

Според нашиот репортер, откако се избришани снимките од службениот телефон на „Слободен печат“ оваа „тројка“ инспектори се упатиле кон друг репортер кој од истиот агол го снимал протестот.

„Слободен печат“ верува во слободата на информирање која е неприкосновена и смета дека МВР ќе го расчисти случајот со лицата кои ја злоупотребуваат својата положба и го попречуваат јавното информирање, пренесува СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ковачевски: Очекував подобри резултати, но јасно е дека граѓаните не казнија

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача дека јасно е оти граѓаните ги казниле. Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не...

Пендаровски: Од утре се гледаме на терен, почнуваме од нула

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски. „Од утре продолжуваме со средби...

Засилено полициско обезбедување: ДУИ слави и во Скопје и во Мала Речица

Приврзаниците на ДУИ вечерва на плоштадот „Скендербег“ во Скопје слават по објавата на првичните резултати од првиот круг од претседателските избори, според кои нивниот...

Дурловски: Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно

Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно. Слава ти Господе!, порача вечерва Игор Дурловски, по објавата на...