10 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаШекеринска потпиша нов меморандум за соработка со НАТО

Шекеринска потпиша нов меморандум за соработка со НАТО

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска и помошникот на секретарот за одбрана на САД за меѓународни безбедносни прашања, Мара Карлин, во Скопје и во Вашингтон го потпишаа новиот Меморандум за соработка во одбраната помеѓу Северна Македонија и Соединетите Американски Држави. На потпишувањето на Меморандумот во Министерството за одбрана присуствуваше амбасадорката на САД, Кејт Брнз.

Новиот Меморандум ја отсликува исклучително блиската одбранбена соработка помеѓу двете земји која низ последните години стануваше сè поинтензивна и го заменува постојниот Меморандум за соработка кој беше потпишан во далечната 1994 година, соопшти Минитсерството за одбрана.

Меморандумот најавува унапредување на стратешкото партнерство преку заеднички обуки и вежби, унапредување на можностите за борба против тероризмот, поинтензивна размена во професионалното воено образование, како и подобрување на интероперативноста.

По потпишувањето на Меморандумот, Шекеринска и Карлин, во телефонски разговор се согласија дека Меморандумот е доказ за взаемната посветеност на развивање на соработката во одбраната на билатерално ниво, но и како земји – сојузнички во НАТО. Во разговорот беше изразено задоволство од зголемената соработка меѓу Северна Македонија и САД во поглед на модернизацијата и опремувањето на Армијата, заедничките обуки и вежби, заедничкото учество во НАТО мисиите и соработката во развој на полигонот Криволак во НАТО капацитет. Во пресрет на 27 март, министерката Шекеринска од високата претставничка на Пентагон, Карлин, доби честитки за претстојната годишнина од зачленувањето на Северна Македонија во НАТО.

 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...