13.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонијаЉубе Бошковски: СашoМијалков ќе плови 12 години за Панама

Љубе Бошковски: СашoМијалков ќе плови 12 години за Панама

Долго го немаше во јавноста, а сега со свој коментар се појави и екс министерот за внатрешни работи, Љубе Бошковски. Се разбира не пропушти можност да ја искоментира вчерашната пресуда за Сашо Мијалков во траење од 12 години.

Плови Саша, му порача Бошковски на Мијалков и додаде:

Ме радува фактот, што вистината секогаш излегува на виделина, затоа што, уште еднаш се докажа дека Обединети за Македонија не излезе од ВМРО, а излезе од ДПМНЕ.

Според Бошковски, уште во 2011 година, апелирав дека банда криминална ги злоупотребува светите букви на ВМРО, се изнесуваат пари во други држави и се врши секаков криминал. Меѓу првите го кренавме гласот за слобода и правда.

Ми претставува огромно задоволство, вели тој, што токму луѓето кои ги поддржуваа лошите политики на минатото раководство на ДПМНЕ, дали од неверување или изманипулирани од пропагандната машинерија на тогашниот режим, денес, се согласуваат со нашите тези и ставови.

Јас не сум човек, вели Бошковски, што се сити на нечија несреќа, мене не ме исполнува никакво страдање. Можеби и затоа сме различни од нив и затоа се гордеам со тоа.

Јас, Љубе Бошкоски и нашата Обединети за Македонија секогаш се бориме за воспоставување на ред и доследно спроведување на законите.

Бошковски ова го објави на својата фан страна на фејсбук и го сподели легендарното видео од кампањата за парламентарните избори во 2011 година.
vo centar

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

На гласачко место во Скопје пронајдена испукана димна бомба !!!

Министерството за внатрешни работи досега нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето, кое, генерално, се одвива мирно, без...

Тошковски: Безбедносната состојба стабилна, нема никакви нарушувања во изборниот процес

Безбедносната состојба е стабилна. Нема никакви нарушувања во изборниот процес. Немаме забележано никакви посериозни нарушувања во изборниот процес, изјави денеска техничкиот министер за внатрешни...

Грк починал во казино во Битола.

Лекар од Итна медицинска помош Битола вчера во 18.30 часот во СВР Битола пријавил дека кај нив, од казино во хотел во Битола, бил...

79-годишен дедо натепал полицаец во Куманово

79-годишен кумановец нападнал полицаец во Куманово кој бил на службена должност. – На 23.04.2024 година во 11.50 часот полициски службеници од СВР Куманово го...