10.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаБугарскиот вицепремиер Андреј Ковачев: Му честитам на Георгиевски за предлозите, модерна...

Бугарскиот вицепремиер Андреј Ковачев: Му честитам на Георгиевски за предлозите, модерна македонска нација по 1944 година е многу добар предлог.

Бугарскиот европратеник и вицепремиер на Европската народна партија, Андреј Ковачев му честиташе на екс македонскиот премиер Љупчо Георгиевски за предлозите кои ги даде за решавање на македонско – бугарскиот спор.

Ковачев вели дека е отровно политичкото опкружување околу Вардар, и затоа тој добил критики.

„Некои елементи од предлогот на Георгиевски да се излезе од ситуацијата во која се најде Владата на РМ, откако тврдоглаво одби да го спроведе Договорот за пријателство и добрососедство повеќе од три години, не се нови. Признавањето и на современата реалност и на историските факти мора да одат рака под рака, како што е запишано во договорот. Многу од неговите идеи покажуваат вистинско разбирање за реалниот проблем меѓу нашите земји и претставуваат сериозна основа за изнаоѓање политичко решение“, вели Ковачев.

Тој додава дека Бугарија ги препознава новите реалности – создавање на современ македонски јазик и модерна македонска нација по 1944 година.

Георгиевски вели дека земјава треба да даде гаранција дека нема никакава аспирација за Источна Македонија. Според него, во поимот Северна Македонија не влегува Источна Македонија. Георгиевски вели дека погледнато од Скопје, Пиринска Македонија секогаш била Источна.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...

Дуел Ковачевски-Мицкоски на трети април!

Во Среда на 3 април, ден пред стартот на предизборната кампања за претседателските и парлемнатрните избори, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви...