28.9 C
Ohrid
понеделник, јуни 21, 2021
Почетна Македонија Поранешниот претседател на ИВЗ тврди дека пукањето во син му било нарачано

Поранешниот претседател на ИВЗ тврди дека пукањето во син му било нарачано

Translate (Eng):[gtranslate]

Сулејман Реџепи, поранешниот претседател на Исламската верска заедница на Македонија (ИВЗ), во изјава за Лајм тврди дека пукањето кон неговиот син е нарачано дело. Според негвата изјава Зеглул Реџепи, инспектор во МВР бил на должност во моментот кога беше нападнат вчера попладне во скопската населба Ѓорче Петров.

– Автомобилот од кој било пукано бил без регистарски ознаки. Син ми го забележал возилото кое го следело. Застанал сакајќи да праша зошто го следат. Но в тој момент биле испукани три куршуми. Еден од испуканите куршуми се одбил од автомобилот и го повредил син ми во нога. За среќа се работи за мала повреда. Синот денес ја напушти болницата и се врати дома, вели Реџепи за Лајм.

РЕКЛАМА
- Реклами -