11.9 C
Ohrid
вторник, април 23, 2024
ПочетнаМакедонијаМВР им објави војна на Лихварите: Полицијата најавува акција против лихварите и...

МВР им објави војна на Лихварите: Полицијата најавува акција против лихварите и бара од граѓаните секоја информација што ја имаат за лихварство да и ја пријават

Полицијата најавува акција против лихварите и бара од граѓаните секоја информација што ја имаат за лихварство да и ја пријават на полицијата на специјалниот телефонски број.
„Министерството за внатрешни работи во изминатиот период отвори неколку оперативни акции со крајна цел зголемување на севкупната безбедност на граѓаните.

Меѓу другите, отпочната е и оперативна акција која има за крајна цел сузбивање на незаконската појава на позајмување на парични средства за несразмерна имотна корист (многу висока камата), позната како лихварство.

Кривичниот законик лихварството го дефинира на следниот начин (член 260).:

(1) „Тој што за услугата што му ја прави на некое лице прима или договара за себе или за друг несразмерна имотна корист искористувајќи ја неговата тешка имотна состојба, тешките станбени прилики, нуждата, недоволно искуство или лекомисленоста, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години .

(2) Со казната од став 1 ќе се казни и што неовластено се занимава со давање пари или други потрошни предмети на заем со договор и притоа договара несразмерна имотна корист.

Граѓаните можат да пријават ЛИХВАРСТВО на бесплатниот телефонски број 0800 00 201 и тоа анонимно, односно да споделат корисни информации поврзани со санкционирање на ова кривично дело.“ – велат од МВР

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пазарната инспекција ќе контролира кој ќе работи на изборните неработни денови

Државниот пазарен инспекторат им укажува на сите работодавачи дека согласно Заклучокот на Техничката Влада на Република Северна Македонија донесен на шеснаесеттата седница одржана на...

Филм за Тоше во српска продукција ќе се прикаже премиерно во Штип!

Голем настан во чест на легендарниот музичар Тоше Проески ќе се одржи во Дом на млади во Штип, на шести јуни годинава. Како што...

Гласањето на затворениците, болните и дијаспората почна навреме и без проблеми

Вкупно 6.935 болни и изнемоштени, затвореници во Казнено-поправните домови и лица во притвор, во старски домови и наши државјани во странство, можат да гласаат...

Не го издржа притисокот: Доктор Нико Беќаровски навести дека ќе си замине од Клиниката за Токсикологија.

Доктор Нико Беќаровски навести дека ќе си замине од Клиниката за Токсикологија. Во статус на социјалните мрежи, Беќаровски порача дека е време на приватните клиники...