14.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонијаПописот започна во дијаспората: Апликацијата за пописот е изработена од бугарска ИТ...

Пописот започна во дијаспората: Апликацијата за пописот е изработена од бугарска ИТ фирма со претставништво во Македонија..

Државниот завод за статистика во 2019-та избрал конзорциум од три фирми за апликација за попишување на населението во рамки на државата.

За попишување на населението надвор од границите по електронски пат, работата е доверена на компанија Скејлфокус со седиште во Скопје. За изборот на оваа фирма не е организиран тендер бидејќи била донација.

-Втората апликација е донирана од фирмата Скејлфокус, а тие се согласија бесплатно да ја изработат со сите заштитни механизми. Единствен услов беше нивното лого да стои на апликацијата за попишување на граѓани кои се во странство, ни изјави Апостол Симовски, директорот на ДЗС.

На апликацијата кога ќе се отвори стои „до апликацијата може да се пристапи само со IP адреса од странство. Пристапот од Република Северна Македонија е оневозможен.“.

Претходно програмерка успеа со ВПН адреса (интернет локација која покажува дека се поврзуваш од друга земја, додека IP адреса е всушност идентитет на еден интернет приклучок и за секоја држава има посебни препознатливи ознаки) да се поврзе на апликацијата и даде сопствени податоци како да е во Србија.

ДЗС негираше дека може да се злоупотреби апликацијата за да се внесат лажни податоци и дека таков потег е кривично дело за кое е предвидена минимална 3-годишна затворска казна.

Фирмата Скејлфокус е бугарска софтверска ИТ компанија која има македонско претставништво, а истотака има претставништва во уште неколку други земји.

Во моментот менаџер на СкејлФокус Скопје е Софче Јовановска, поранешна советничка во кабинетот на некогашниот вицепремиер за економски прашања Кочо Анѓушев, а исто така имала долга кариера и во Стопанската Комора.

Конзорциумот за втората апликација е воден од македонско претставништво на бугарската фирма Телелинк, Телелинк Скопје, а останатите две фирми кои заеднички настапиле и го добиле тендерот во април 2019-та година се Семос и ГДИ.

Овој конзорциум за 7.350.000 денари (околу 120 илјади евра без ДДВ) односно за вкупно 141 илјада евра го добиле тендерот за апликацијата. Оваа апликација ќе ја користат попишувачите на терен.

Миомир Серафиновиќ телма

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

На 20% пребројани гласови – Гордана 44,71%, Стево 19,09%

На 20% на ниво на Македонија, пребројаните гласови се вака: Гордана Сиљановска Давкова 64.929 44.71% Стево Пендаровски 27.728 19.09% Бујар ОСмани 18.896 13% Арбен Таравари 12.916 8.5% Максим...

На 5% обработени на ниво на Македонија: ВМРО ДПМНЕ води со двојна разлика !!!

На 5% обработени на ниво на Македонија: Гордана 7.782 Бујар 3.428 Стево 3.402 Арбен 1.906 Максим 1.384 Билјана 916 Стевчо 131

Дијаспората гласаше: Силјановска-Давкова со двојно повеќе гласови од Пендаровски

Според податоците од Дипломатско конзуларните претставништва, без САД и Канада, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова на седмите Претседателски избори има освоено 359 гласови од...

Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт!

Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт! Јас никогаш не агитирам за себе, граѓаните знаат за кого да гласаат, знаат да си го...