15 C
Ohrid
четврток, мај 6, 2021
Почетна Македонија НАТО сними видео за „волците“ на АРМ. (Видео)

НАТО сними видео за „волците“ на АРМ. (Видео)

Translate (Eng):[gtranslate]

Македонските специјални сили „Волци“ во Германија извежбуваат операции со американски „зелени беретки“ и колеги од други НАТО-земји, како подготовка за учество во Компонентата за специјални сили на НАТО силите за одговор.

НАТО објави видео со припадници на Баталјонот за специјални намени на АРМ „Волци“, снимени на вежбата „Combined Resolve XV“ што од почетокот на февруари до петок се одржува на воените полигони Графенвоер и Хохенфелс во Германија. Фотографиите и видеото од настанот ги објави агенцијата „Мета“.

– Ние сме припадници на Баталјонот на специјални сили, доаѓаме од Македонија и тука сме веќе неколку пати, во неколку ротации на вежбата „Combined Resolve XV“. Вредноста на оваа вежба е во интегрирањето и интероперативноста со другите членки на НАТО. Горди сме што сме членка на НАТО, вели македонскиот офицер на Специјалните сили „Волци“, Баталјонот за специјални намени на АРМ.

РЕКЛАМА
- Реклами -