27.9 C
Ohrid
понеделник, јуни 21, 2021
Почетна Свет ''Би требало да му е точно според килажата''-Борисов го соблече палтото и...

”Би требало да му е точно според килажата”-Борисов го соблече палтото и му го подари на работник

Translate (Eng):[gtranslate]

Бугарскиот премиер Бојко Борисов ја користи секоја можност да им се додовори на гласачите во екот на предизборната кампања. При посетата на градежните работници кои работат на реновирање на автопатот меѓу Стара Загора и Чирпан тој го подари своето сако на еден од работниците.

Работникот го пофали сакото на премиерот.

– Убаво Ви е сакото. Сакам и јас да си земам исто такво – му рече работникот на Борисов.

РЕКЛАМА

Борисов ги праша своите соработници дали има друго сако во возилото, по што го соблече своето и му го подари на работникот.

– Алал нека ти е. Да ги проверам само џебовите. Запалката ќе ти ја оставам, но маската ќе си ја земам -му рече Борисов.

Другите работници му ракоплескаа на потегот. На средбата никој не носи заштитни маски и сите се поздравија со премиерот.

- Реклами -