28.9 C
Ohrid
понеделник, јуни 21, 2021
Почетна Македонија Спасовски: На „Тик Ток“ има повици за самоповредување на малолетни лица!

Спасовски: На „Тик Ток“ има повици за самоповредување на малолетни лица!

Translate (Eng):[gtranslate]

Министерот Оливер Спасовски на неговиот фејсбук-прифил наведе дека Министерството за внатрешни работи добило информации од Интерпол дека на профили на социјалната мрежа „Тик Ток“ во Русија и Израел се забележани повици за самоповредување на малолетни лица и упати алеп за внимателно користење на социјалните мрежи.

-Апелирам за внимателно користење на социјалните мрежи. МВР од страна на Интерпол доби информација дека на профили на социјалната мрежа „Тик Ток“ во Русија и Израел се забележани повици за самоповредување на малолетни лица. Апелирам до граѓаните, особено до родителите да обрнат внимание на активностите на своите деца на социјалните мрежи, потенцираше Спасовски.

Министерот за внатрешни работи додава дека спорeд досегашните сознанија, такви повици нема од профили на наша територија, ниту од околните држави, но, како што посочи, апелира на будност и надзор со цел да се избегнат било какви несакани случувања.

РЕКЛАМА
- Реклами -