11.9 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаМакедонијаПолицајците денес се опарија - Добија колективен бонус од 800 илјади евра

Полицајците денес се опарија – Добија колективен бонус од 800 илјади евра

spot_imgspot_img

Со оваа убава вест денеска на својот фејсбук профил се пофали министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

„Денеска е исплатена бонус плата за 2018 година, право кое го оствариле 1.881 вработен во МВР. Вкупно се платени 50.736.213 денари (825.000 евра), а поединечен износ на бонусот иснесува 24.276 денари.

Со ваква вест министерот се пофали и во декември лани, кога на 1.624 вработени во Министерство за внатрешни работи, како што тогаш соопшти Спасовски, од сопствени заштеди и домаќинско работење им беше исплатена бонус плата остварена во 2017 година, информираше министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Тогаш поединечениот износ што беше исплатен изнесуваше 22.928 денари за вработен.

„Обезбедивме средства и за исплата на бонус плата на вработени во министерството за оствaрени над 150 часа прекувремена работа на годишно ниво во текот на 2020, како и средства за бонус плата за 2018 година“, напиша тогаш на својот Фејсбук профил Спасовски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Врховен одлучи: Таткото на убиената Вања оди во домашен притвор

Врховниот суд на Република Северна Македонија ја уважи жалбата на таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, ја укина определената мерка притвор и за обвинетиот определи...

Стојанче: Овојпат ДУИ мора да падне, со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме

По вчерашниот пораз на СДСМ утрово се огласи и Стојанче Ангелов. СЕГА ИЛИ НИКОГАШ! Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ...

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Џаровски соработуваше со најголемите југословенски естрадни...

Доктор Нико си тера мајтап: „Стефчо Јакимовски собра повеќе потписи од гласови“,

Вечерва, кога веќе се познати изборните резултати, кандидатот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски освои околу 5.500 гласови, доктор Нико Беќаровски објави хумористичен статус за него. „Стефчо...