9.9 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаМакедонија54 годишна медицинска сестра им барала Мито на пациентите..

54 годишна медицинска сестра им барала Мито на пациентите..

spot_imgspot_img

Педесет и четиригодишна медицинска сестра од Универзитетската клиника за ортопедија при ЈЗУ ТОАРИЛ побарала пари и поклон од син на пациентка која требало да се оперира.

Како што информира Основното јавно обвинителство Скопје, за неа е поднесен обвинителен предлог за кривично дело примање награда за противзаконито влијание од член 359 став 1 од Кривичниот законик. Обвинителот до Основниот кривичен суд Скопје доставил и предлог за определување мерки на претпазливост за обвинетата, односно забрана за напуштање на домот и за преземање определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело.​​

Пријавената во периодот од 23 до 28 септември 2020 година, од син на пациентка која требало да се оперира, побарала 300 евра, бонбониера и пијалак, наводно како награда за докторите што ја извршиле операцијата.

„Наградата ја побарала со порака испратена до член на семејството на пациентката. Откако ѝ биле дадени 300 евра, таа 150 евра задржала за себе, а кесата со останатите 150 евра, бонбониерата и пијалакот им ја предала на двајцата доктори, без да им каже зошто им ги дава. Кога докторите виделе што има во кесата, настанот го пријавиле во полиција“,

се наведува во соопштението

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија прослави јубилеј: 100 отсудени меча во ПМФЛ

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија од 2022 година, имаше јубилеј во Првата македонска фудбалска лига. Зад своето име арбитарот дојде до бројката од...

Стигнаа 76 неборбени возила од Норвешка за Македонија

Кралството Норвешка денеска ѝ ја предаде донацијата од 76 неборбени моторни возила на земјава. На предавањето на возилата во касарната „Илинден“ во Скопје свои...