19.9 C
Ohrid
понеделник, септември 9, 2024
ПочетнаМакедонијаЗаев: Слободно може да зборувате на телефон, Мијалков не може да ве...

Заев: Слободно може да зборувате на телефон, Мијалков не може да ве присклушкува во наредните 12 години..

Kоментирајќи ја борбата со корупцијата, премиерот Зоран Заев во интервју за „Слободен печат“ порача дека санкциите се порака за да не се повтори едно кривично дело, посочувајќи ја затворската казна од 12 години за екс-директорот на УБК, Сашо Мијалков за предметот „Таргет-Тврдина“.

„Не значи дека некој до денеска ако не бил коруптивен дека утре нема да биде коруптивен. Важна е пораката од оној што е фатен да не му падне на памет друг да прави незаконско дејствие како друг. Знаете како овие денови кога зборуваме по телефон луѓето обично користат апликации, викам слободно зборувај никој друг нема да се нафати на 12 години затвор, затоа што пораката на санкциијата е да не се повтори никогаш повеќе. 37 бомби вадев сите завршија со решеница – никогаш да не се повтори. Расчистувањето со претходнот режим е сериозна успешна активност на оваа Влада, ако не го кажам јас гледам другите не го спомнуваат затоа што сите зборувавме за украдени милијарди, тие пари рушат системи, не е лесно да придвижите процеси на најтранспарентен начин и да завршат процесите, дали со ослободителна, дали со осудителна пресуда, завршуваат процесите“,

рече Заев.
Тој го посочи масовното прислушување како еден од најважните предмети со судска разрешница и потсети на судски процеси и за функционери од СДСМ.

„Најважниот процес е пресуден, а второт предмет според мене по важност е „Титаник“ за изборите, сите други се важни. Денеска во правосудството има политичари од сдсм и се борат за својата правда да докажат дека се невидни или да бидат осудени. Градоначалникот на Ново Сегари, мој добар другар и пријател го фатија со цирари, готово, дури и казна затворска одлежа, значи законот мора да важи за сите“,

рече Заев.
Премиерот ги повика и граѓаните да пријавуваат и да придонесат во борбата против корупцијата.

„Корупцијата боли. На сиромашен човек да му земеш 50 евра за нешто што му следува по закон, тоа е катастрофа, ја урнисува душата, тоа е болно. Мораме да ги впрегнеме механизмите на реакција, прво граѓаните мора да пријавуваат. Добивам извештаи неделни од телефоните за пријавување корупција – никој не пријавува. Тоа мораме да го промениме, секој од нас да даде придонес, да се пријавува корупцијата, кој и да е, треба да се пријави макар била и само индиција“,

рече Заев.

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сефиданис го промовираше „Алшар”, првиот робот диџеј направен во Охрид.

Сефиданис го промовираше „Алшар”, првиот робот диџеј!!! По повод денот на независноста на Македонија, друштвото за истражување и развој Сефиданис, во клубот Ребел во Охрид...

Весна Петрушевска откри дека има рак на дојката: Прво што ви паѓа на памет е дека вашето време е одбројано…

Актерката Весна Бејби Петрушевска преку вклучување во живо на својот „Инстаграм“ профил истакна дека дијагностициран и е рак. Како што вели, кога тоа ќе се...

Гаши: Албанскиот мора да биде еднаков со македонскиот!

Собранискиот претседател Африм Гаши вели дека албанскиот јазик мора да биде еднаков со македонскиот. Како што вели, ако Уставниот суд правилно ги прочита Законот и...

Таеквондо тренерот Борче Костовски ја доби наградата „8 Септември“ за животно дело во областа на спортот.

Спортскиот работник, тренер и претседател на Таеквондо федерацијата на Македонија, Борче Костовски е добитник на годинашната награда за животно дело „8 Септември“. Најголемиот успех...