9.3 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаМакедонијаПолициски час во цела држава од 22 до 5 часот-Предлог на комисијата...

Полициски час во цела држава од 22 до 5 часот-Предлог на комисијата за заразни болести

spot_imgspot_img

Министерстeрот за здравство Венко Филипче, по предлог на Комисијата за заразни болести денеска на Главниот координативен кризен штаб предложи воведување на полициски час од 22 часот навечер до 5 часот наутро, на територија на цела држава. Комисијата дополнително ќе се произнесе од кој ден да почне полицискиот час и до кога да трае истиот, соопшти Министерството за здравство.

Министерот образложи дека овој предлогот на Комисијата е поради тоа што изминативе недели најмногу инфицирани има поради трансмисија на вирусот преку собири, но и непочитување на воведените мерките за носење заштитна опрема, држење дистанца и негрупирање.

Анализите на Комисијата утврдиле дека поради непочитување на мерките, ќе има нови случаи на заразени, но и зголемен број хоспитализирани. Од таа причина Комисијата смета дека една ваква ригорозна мерка ќе има ефект. Владата на утрешната седница ќе треба да се произнесе по предлогот на Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести, стои во соопштението.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ковачевски: Очекував подобри резултати, но јасно е дека граѓаните не казнија

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача дека јасно е оти граѓаните ги казниле. Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не...

Пендаровски: Од утре се гледаме на терен, почнуваме од нула

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски. „Од утре продолжуваме со средби...

Засилено полициско обезбедување: ДУИ слави и во Скопје и во Мала Речица

Приврзаниците на ДУИ вечерва на плоштадот „Скендербег“ во Скопје слават по објавата на првичните резултати од првиот круг од претседателските избори, според кои нивниот...

Дурловски: Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно

Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно. Слава ти Господе!, порача вечерва Игор Дурловски, по објавата на...