13.9 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаАдвокатот на родилката од Дебар: Колку органи требаше да ѝ извадат за...

Адвокатот на родилката од Дебар: Колку органи требаше да ѝ извадат за да има лекарска грешка?

Адвокатот на родилката од Дебар, Јалдз Веапоска, која по породување со царски рез дома си замина без бубрег, јајник и матка, за „А1он“ вели дека е невозможно по три извадени органи од сосема здрав човек да се тврди дека нема лекарска грешка. Тој веќе поднесе кривична пријава против шестмина лекари за извадените органи на Веапоска.

„Мојот став во поглед на ова прашање е изразен со поднесената кривична пријава против лекарите кои постапувале во овој конкретен случај, но исто така мојот став е и дека е природно и физички невозможно да отстраниш три витални органи на здрав и прав човек и притоа да тврдиш дека нема лекарска грешка. Па колку органи требаше да извадат на мојот клиент за да има лекарска грешка?! Очигледно едниот јајник што е оставен во телото на мојот клиент ги амнестира лекарите од сторена лекарска грешка. Се прашувам доколку го извадеа и овој, сега неупотреблив јајник, дали ќе имаше лекарска грешка? Ова е малку тажно за македонското здравство, зарем не?“, вели адвокатот Сашо Јанев за „А1он“.

Родилката Веапоска за „А1он“ рече дека не ја изненадила ваквата одлука на Лекарската комора оти веќе и кажале дека Мухамед Асани заминал на ручек заедно со Комисијата од лекарската комора откако направиле увид во болницата. Таа вели дека и покрај притисоците што и ги прави Асани, таа нема да се откаже од барање на правдата ниту пак од поднесената кривична пријава против лекарите кои учествувале во нејзините операции.

„Против сите лекари кои учествувале во вадењето на моите органи се поднесени пријави. Иако Асани ми пушта луѓе кои ме убедуваат да се смирам и да престанам да го гонам јас не се откажувам. Во Обвинителството бев да дадам изјава, но за кривичната што против Асани ја поднесе Државниот санитарен и здравствен инспекторат. За пријавите од мојот адвокат уште не ме повикале“, рече Веапоска за „А1он“.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат во јануари годинава направи вонреден инспекциски надзор и утврди дека Асани дома имал дива амбуланта во која прегледувал пациентки по што му поднесе кривична пријава.

Министерот за здравство Венко Филипче денес соопшти дека Комсијата од Лекарската комора по стручниот надзор утврдила дека Асани не направил лекарска грешка во слуајот на Веапоска.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Филипче: Сум работел во АВТОПЕРАЛНА и од таму ми е љубовта кон моторите и автомобилите !!!

Познатиот неврохирург д-р Венко Филипче, раскажува за првата посета на операциона сала, како ученик во средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“. Во „Неформално“ на Сител...

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...