11.9 C
Ohrid
вторник, април 23, 2024
ПочетнаМакедонијаДонација во Василево: 140 семејства ќе добиат бесплатни пластеници, исто така опрема...

Донација во Василево: 140 семејства ќе добиат бесплатни пластеници, исто така опрема доби и нашата Атиџе.

Вкупно 140 семејства од земјава, од кои 95 од општина Василево добија опрема за подигање на пластеници што ги донираше турската агенција за соработка и координација Тика. Станува збор за донација од турскиот народ за економско зајакнување на лица што живеат во руралните средини кои со новата опрема може да одгледуваат високопродуктивни сорти на зеленчук. Меѓу лицата кои добија опрема за пластеници беше и Атиџе Муратова од Медена земја.

 

,,Отсекогаш ја обезбедувавме поддршката што ѝ е потребна на Македонија во областа на производството и вработувањето. И понатаму ќе продолжиме да поддржуваме во рамките на нашите можности. Никој не треба да се посомнева во тоа“, нагласи амбасадорот Хасан Мехмет Секизќок, додавајќи дека ќе продолжат да го носат на овие простори искуството на Турција во областа на земјоделството.

 

На денешната дистрибуција на опремата присуствуваше и координаторите на ТИКА и на Институтот „Јунус Емре“ во Скопје, Халим Омер Согут и Серхат Кула, директорот на Фондацијата „Маариф“. Мустафа Дилиоглу.

„Главната причина зошто сме овде е реализацијата на проектот за пластеници во земјоделството, што е од големо значење, со цел да се зголеми квалитетот на животот на нашите граѓани што живеат во руралните области и да се зајакне нивната економска моќ“, нагласи Согут од турската агенција ТИКА

Градоначалникот на Општина Василево, Марјан Јанев ја изрази благодарноста за помошта подвлеквуајки дека соработката со турскиот народ ќе продолжи и во иднина

,, Ми преставува задоволство да ги предадеме пластениците на наши сограѓани како што е полиетиленско платно, шипки, системи капка по капка и семенски матријал со кои ќе ја отпочнат новата произвдствена сезона за зеленчук. Нашата соработка со турскиот народ има долга традиција со многу реализирани проекти. Се надевам дека ќе продолжиме по истиот пат и во иднина,, рече Марјан Јанев градоначалник на Василево.

Дрнка.Мк

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ученикот кој претепа наставничка, од „Димо Хаџи Димов“ ќе биде префрлен во „Владо Тасевски“

Институциите, општината и основното училиште по претседателските избори ќе бараат решение за ученикот кој вчера претепа наставник и нападна ученици, а потоа беше приведен од...

19-годишник и малолетник завршиjа во полиција – Го прекршиле изборниот молк !!

Две лица од тетовско со лепење плакати за кандидат за претседател го прекршиле изборниот молк. Министерството за внатрешни работи информираше дека утрово во 01.05...

Боки вечерва повторно ќе УДРИ?! -Најавува вклучување во живо !!!

Боки 13 во поткастот „Лазаров“ зборуваше и за основањето на Меѓународен сојуз, но и за „1ТВ“. Зборуваше за функционерите, пришто кои ги обвини, за...

Осудените за „27 април“ кон Русковска: Доаѓа денот, тек допрва ќе си одговараш за својата работа.

Дел од осудените за „27 април“ јавно ѝ порачаа на обвинителката Вилма Русковска дека доаѓа денот, алудирајќи на денот кога ќе одговара за својата...