8.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонијаРодилката Јилдиз Веапоска која остана без матка, бубрег и јајник: Каде ми...

Родилката Јилдиз Веапоска која остана без матка, бубрег и јајник: Каде ми се органите ако немало никаква грешка??

Родилката Јилдиз Веапоска која остана без матка, бубрег и јајник не го прифаќа Стручниот наод на Лекарската комора во кој не се констатира никаков лекарски пропуст од страна на д-р Мухамед Асани.

Во изјава за Сител таа побара Комората јавно медицински да образложи како е можно да остане без три органи, а да нема лекарска грешка.

-Дали е ова нормално, ни јавноста, ни никој да не знае кои се од Лекарската комора докторите што го вештачат ова, што треба да одлучат дали има лекарска грешка или нема. Никој не знае, но докторот, директорот знае кој е во Комисијата. Јас не го прифаќам ова бидејќи сите доктори што биле, се Албанци. Ниту немало Македонец. Заминав здрава и права во Струга на породување. Заминав да се породам, а по породувањето излегувам без бубрег, без матка и без јајник. И тоа се будам на КАРИЛ. Нека излезе Лекарската комора јавно нека образложи медицински зошто се тргнати тие органи, ако немало лекарски пропуст. Тогаш што може да има?, прашува Веапоска.

Од Министерството за здравство потврдија дека стручниот наод не констатирал лекарска грешка, но чекаме детали што точно е констатирано.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Охриѓанецот Давид Крстески е нашиот херој од последното Европско Таеквон-до ИТФ првенство освојувајќи бронзен медал во борби

Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација од 15-ти до 22-ри април 2024, учествуваше на Европското Таеквон-до ИТФ првенство кое се одржа во Копер, Словенија. На ова...

Полициските чувари од прилепскиот Затвор на протест- Се плашат за својата безбедност од високо-ризичните осуденици

- Полициските чувари од прилепскиот Затвор на протест, се плашат за својата безбедност од високо-ризичните осуденици кои ги чуваат – ...

73 годишен Тетовчанец, ја затворил снаата во соба и ја тепал.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.К.(73) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ при семејно насилство и...

Ученикот кој претепа наставничка, од „Димо Хаџи Димов“ ќе биде префрлен во „Владо Тасевски“

Институциите, општината и основното училиште по претседателските избори ќе бараат решение за ученикот кој вчера претепа наставник и нападна ученици, а потоа беше приведен од...