11.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонијаВиктор Орбан се залага за трето дете: Жените помлади од 40 години...

Виктор Орбан се залага за трето дете: Жените помлади од 40 години кои ќе склопат прв брак ќе добијат 36.000 евра

Новите мерки на Владата на унгарскиот премиер Виктор Орбан вклучуваат поголем заем за семејствата со најмалку две деца за да им се помогне да купат дом, субвенции за купување автомобил и ослободување од данок за жените кои подигнуваат најмалку четири деца.

-Унгарците напорно работеа за да остварат висок економски раст, изјави во неделата Орбан во традиционалното обраќање до нацијата и најавил нови погодности за семејсвата како би се зголемил демографскот раст, а остро ја критикувал проимигрантски настроената опозиција и европската бирократија.

Тој нагласил дека неговта Влада ќе го одржува економскиот раст на Унгарија за два проценти повисоко од просекот во ЕУ, иако за идните години се очекува глобално забавување на економијата.

-Бројот на склучени бракови расте, смалена е смртноста на доенчињата, вработеноста од 55 е зголема на 70 отсто, платите растат, повеќе од двојно е зголемена минималната плата, реќе Орбан и оценил дека по десет години Унгарците повторно веруваат во иднината.

Тој зборувал и за имиграцијата:

-Се помалку деца се раѓаат во Европа. Запад мисли дека одговорот на тоа е во имиграцијата. Секое дете кое ни недостига, да се надомести со друго дете кое доаѓа (од исток) и така бројките ќе бидат во ред, рекол Орбан.

-Но нам не ни требаат бројки. Ни требаат унгарски деца, истакна и најави програма од седум точки за младите семејства.

Новите мерки на Владата на унгарскиот премиер Орбан вклучуваат поголем заем за семејствата со најмалку две деца за да им се помогне да купат дом, субвенции за купување автомобил и ослободување од данок за жените кои подигнуваат најмалку четири деца.

Жените помлади од 40 години кои ќе склопат прв брак, можат да добијат заем од 36 000 евра. Третина од заемот се простува кога ќе родат второ дете, а целиот заем се брише по раѓањето на трето.

-За Унгарците тоа е вистинскот одговор, а не имиграцијата, изјавил Орбан според Ројтерс.

За опозицијата истакнал дека „шака проимигрантски настроени политичари кои на респиратор ги одржуваат Џорџ Сорос и бирократите од ЕУ“, истакнал тој.

-Повторно се јавуваат силите кои сакаат отворени општества и свет без нации, сакаат да создадат супернационална глобална влада, реќе Орбан.

Бриселските бирократи ги нарекол „тврдина на новиот интернационализам“, а мигрантите „нивен инструмент“.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ковачевски: Очекував подобри резултати, но јасно е дека граѓаните не казнија

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача дека јасно е оти граѓаните ги казниле. Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не...

Пендаровски: Од утре се гледаме на терен, почнуваме од нула

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски. „Од утре продолжуваме со средби...

Засилено полициско обезбедување: ДУИ слави и во Скопје и во Мала Речица

Приврзаниците на ДУИ вечерва на плоштадот „Скендербег“ во Скопје слават по објавата на првичните резултати од првиот круг од претседателските избори, според кои нивниот...

Дурловски: Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно

Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно. Слава ти Господе!, порача вечерва Игор Дурловски, по објавата на...