9.3 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаМакедонијаНеготинчани мислеле дека плаќаат за нивните сметки, а парите завршувале во џебот...

Неготинчани мислеле дека плаќаат за нивните сметки, а парите завршувале во џебот на инкасаторот !!!

spot_imgspot_img

Службено лице инкасатор од Неготино се служел со парите што ги зел при наплата на сметки од граѓаните.

Предизвикал материјална штета од 250.631 денар, информираат од МВР.

Полицијата во Велес поднесе кривична пријава против лицето С. Л. (46) од Неготино, службено лице инкасатор, поради сомнение за сторено кривично дело послужување во службата, С. Д. (44) од Неготино, раководител на административното одделение, и М. А. (60) од Велес, одговорен благајник, вработени во ЈПКР „Бошава“ – Демир Капија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело несовесно работење во службата, додаваат од ресорното Министерство.

Од таму објаснуваат дека првопријавениот, во периодот од 2019 до декември 2020 година, кај себе чувал наплатени сметки и не доставени од повеќе корисници, кои не ги предал во разумен временски период и неовластено се послужил со парични средства што ги наплаќал од корисници – физички лица на претпријатието за комунални услуги користејќи ги за сопствени цели.

С. Д. и М. А. со искористување на својата положба и овластувањата и со неизвршување службени должности во ЈПКР го потпомагале првопријавениот, со што на претпријатието му предизвикале материјална штета од 250.631 денар.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ковачевски: Очекував подобри резултати, но јасно е дека граѓаните не казнија

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача дека јасно е оти граѓаните ги казниле. Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не...

Пендаровски: Од утре се гледаме на терен, почнуваме од нула

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски. „Од утре продолжуваме со средби...

Засилено полициско обезбедување: ДУИ слави и во Скопје и во Мала Речица

Приврзаниците на ДУИ вечерва на плоштадот „Скендербег“ во Скопје слават по објавата на првичните резултати од првиот круг од претседателските избори, според кои нивниот...

Дурловски: Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно

Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно. Слава ти Господе!, порача вечерва Игор Дурловски, по објавата на...