5.6 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаПретседателот Пендаровски: Ги разочаравме шарените револуционери, им ветивме а не испорачавме правда

Претседателот Пендаровски: Ги разочаравме шарените револуционери, им ветивме а не испорачавме правда

За жал, тие луѓе, посебно тие шарени револуционери, пред сè, граѓани кои немаат чиста партиска афилијација, ние, јас, ги разочаравме, рече синоќа при гостувањето на Телевизија 21, претседателот Стево Пендаровски. Оваа констатција беше дел од одговорот на прашањето дали е задоволен од владеењето на правото во земјава на што тој одговори со „не“.

„Јас бев носител во првата изборна единица и зборував секојдневно дека ’нема правда нема мир‘, со месеци марширавме по улици… Тоа беше главниот слоган на Шарената револуција. За жал, тие луѓе, посебно тие шарени револуционери, пред сè, граѓани кои немаат чиста партиска афилијација, ние, јас, ги разочаравме. Јас не бегам од тоа. Мотивите се многубројни, секој од нас треба да ја земе одговорноста, да се погледнеме во очи, да каже ’Не испорачавме правда‘, вели Пендаровски

Рече дека разговарал со министерот за правда Бојан Маричиќ, и со Љупчо Николовски, и им рекол дека продуцираат методологија за прочистување, стратегија за борба против корупцијата

„Се тоа е добро, но ние изминативе 30 години имаме супер инфлација од документи, нам ни треба практична имплементација на тие документи. Со години тврдам, ние не сме на ова дереџе затоа што немаме добри закони … Законот го има ама законот важи едно за тебе, друго за мене, а за некого ич не важи. Тоа е нашиот проблем“, рече Пендаровски.

фактор

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...