24.9 C
Ohrid
четврток, јули 29, 2021
Почетна Македонија Министерот Венко Филипче ќе тужи пратеник од ВМРО ДПМНЕ за клевета.

Министерот Венко Филипче ќе тужи пратеник од ВМРО ДПМНЕ за клевета.

Translate (Eng):[gtranslate]

инистерот за здравство, Венко Филипче најави тужба за пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, за како што информира министерот „клевети и навреди“.

Пратеникот Миле Лефков, денеска, на прес-конференција објави документи кои се однесуваат на формирањето на фирмата „Стабри Интеренешенал“ во Хонг Конг. Од опозицијата тврдат дека е фантом – фирма преку која наводно требало да се земат провизии од набавката на кинеските вакцини. Лефков се повика на документи од Централниот Регистар на Хонг Конг според кои таа е формирана на 22 септември 2017 година, или како што рече тој, три месеци по владата на Заев во 2017 година.

 

РЕКЛАМА

Лефков го повика Јавното обвинителство да ги земе предвид сите документи и информации објавени во медиумите, како и овие денеска, и да отвори истрага веднаш.

Филипче вели дека ова се само клевети, но уште пострашно за него било што на овој начин се поткопувал процесот за набавка на вакцините.

„Јас нема да молчам веќе. Утре до граѓанскиот суд ќе поднесам тужба за навреда и клевета и нарушување на мојата чест и углед против Миле Лефков, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ кој денес на прес конференција изнесе низа лаги во однос на цените и набавката на вакцините. Уште еднаш сакам да порачам, престанете безочно да ги лажете граѓаните со фалсификати и измислици! Тоа не ви носи политички поени а сериозно може да ја искомпромитира набавката на вакцините“,

вели Филипче.
Додава дека изнесените документи од страна на Лефков се лажни и неточни.

„Документите кои се пласираат по нивните портали целосен фалсификат. Институциите си започнаа постапки со кои ќе се доккаже дека немално ништо спорно, ниту е направена било каква финансиска штета. Но, она што ќе остане е штетата која ја напрви ВМРО-ДПМНЕ во овој процес и сите блокади и деструкции од почеток на пандемијата“,

Вчера, исто така, Лефков објави документ од Дојче банк според кој на фирмата „Стабри Интернешенал“ ѝ се префрлени 12,5 милиона долари за 200 000 вакцини, односно според опозицијата се работи за 100% повисока цена од највисоката цена за која се продавани кинеските вакцини.

Според информациите на кои се повикува ВМРО-ДПМНЕ, кинеските вакцини се продаваат за максимум 30 долари, додека според префрлените пари тие би чинеле 62,5 евра.

Од Министерството за здравство ги демантираа како што ги нарекоа „лажните документи“ кои содржат лажна сума и која не е поврзана со набавката на вакцини.

Возвратија со обвинување дека ВМРО – ДПМНЕ сака политички да профитира по цена да се наруши договорот за набавка на вакцини и по цена на здравјето на граѓаните, но ги обвинија и медиумите кои го објавија овој документ.

„Во тој нивни ‘доказ’ се спомнува сума која е лажна иако сакаат да ја прикажат како цена за купување на вакцини. Партијата ВМРО – ДПМНЕ и медиуми блиски до нив сакаат да одржат во живот афера која не постои, сакаат да пласираат во јавноста криминал кој не постои, сакаат да спречат Владата и Министерството за здравство да купат вакцини против ковид – 19“, .велат во реакцијата од МЗ.

360 степени

- Реклами -