11.9 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаСе уште нема датум за добивање прва поголема количина на вакцини

Се уште нема датум за добивање прва поголема количина на вакцини

На 15 дена пред завршувањето на првиот квартал се уште нема датум за добивање прва поголема количина на вакцини со кои би почнала масовната имунизација на населението.

Од Здравство не откриваат детали кога ќе пристигне следната пратка на вакцини.

– Министерството за здравство како и досега, навремено ќе ја информира јавноста, за следните испораки на вакцини против Ковид 19, кратко одговараат од МЗ.

И додека ја чекаме првата голема пратка, во регионот почна масовната имунизација. Лидер е Србија каде, според податоците на веб сајтот „Our World In Data“ досега вакцинирани се 28 на 100 луѓе. Следуваат Грција и Словенија со 12, Хрватска со 6 и Бугарија со четири на 100 луѓе.

Под 1 е стапката само во Албанија и Црна Гора. Податоци не се достапни за Македонија, Косово и Босна и Херцеговина.

Меѓутоа, во БиХ веќе се знае кога ќе пристигнат големите пратки. Оваа држава нарачува 350.000 дози од Спутник по цена од околу 6 милиони евра.

Преку КОВАКС системот на 23 март во Босна и Херцеговина ќе пристигнат нешто над 24.000 дози, на 29 март 36.000 од Фајзер, а на 22 април уште 76.000 дози од АстраЗенека.

Со оглед на недостатокот на информации од македонските здравствени власти, Сител се обиде да добие одговор од КОВАКС системот кога можеме да ја очекуваме првата пратка, и за колку точно дози станува збор, со оглед на конфузните изјави во земјава. Меѓутоа, оттаму ни рекоа дека одговорот треба да го очекуваме утре.

Во ЕУ просекот на вакцинирани луѓе е помеѓу 6 и 8 проценти. Потпретседателот на Европската комисија Франс Тимерманс призна дека ЕУ направила грешки во стратегијата за набавување на вакцините.

-Вистина е дека се направени грешки во нарачувањето вакцини, како во Брисел, така и во земјите-членки, Подготвен сум да направиме ревизија откако ќе заврши пандемијата, тогаш ќе видиме што сме направиле погрешно, а што добро. Сега е најважно сите во Европа да добијат вакцина, вели Тимерманс во изјава за весникот Дер Тагесшпигел.

Во Македонија до вчера до 15 часот вакцинирани се 4556 здравствени работници. Досега пристигнаа нешто над 8.000 дози на Фајзер донација од Србија и 3.000 на Спутник. Иако беше најавено дека со последната пратка од Русија ќе започне имунизацијата на населението, засега се вакцинираат само медицинските лица.

СИТЕЛ

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...