2.7 C
Ohrid
четврток, декември 7, 2023
ПочетнаМакедонијаОсмани: Најмногу самопопишани во Швајцарија а слабо во Австралија и Канада

Османи: Најмногу самопопишани во Швајцарија а слабо во Австралија и Канада

Преку апликацијата за самопопишување заклучно до 08.00 часот денеска се евидентирани 64.176 лица од дијаспората, бројка којашто е помала од очекуваната.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешната прес-конференција информираше дека најмногу лица се самопопишале во Швајцарија, околу 16.000, а тоа е една четвртина од очекуваната бројка. Потоа следуваат Германија со околу 10 илјади и Италија со шест илјади попишани лица. Послаби се резултатите во Канада и во Австралија.

Османи рече дека како одговорно Министерство преземаат дополнителни активности и повикуваме што поголем број да се охрабрат и одвојат неколку минути за овој процес.

Инаку, денеска успешно заврши попишувањето на нашите дипломати и членови на конзуларни претставништва, а попишувањето на дијаспората ќе трае до 22 април. Османи не сакаше да дава оценки за успешност или неуспешност на самопопишувањето, бидејќи вели сега сме на половина од процесот, односно има уште 35 дена за попишување и повика на проактивност од целото општество, вклучувајќи ги и медиумите и невладините организации за информацијата за пописот да стигне до што повеќе припадници на дијаспората.

„Пописот е важна работа, а учеството на дијаспората значи правилно мапирање на дистрибуцијата на нашите граѓани во странство, што е важно за да имаме основа за носење развојни политики врз прецизни податоци, кои ќе бидат од директно значење за нашата дијаспора“, изјави Османи.

Тој додаде дека активно се работи на промоција и дисеминација на овој процес, а работната група на МНР е во постојано заседавање и ја следи работата на ДКП и телефонските линии се постојано отворени и се користат активно.

„Нашите амбасади и конзуларни претставништва интензивно работат со здруженијата на граѓани, асоцијации и верски здруженија. Целата мрежа е ставена во фокусот на овој процес, како нивни прв приоритет“, изјави Османи.

Одговарајќи на новинарски прашања околу евентуалниот бојкот од дијаспората, тој рече дека нема информација ниту од ДКП-ата, ниту од личните контакти дека некој активно бојкотира или активно дава отпор за попишување, но не може тоа да го исклучи, бидејќи не можат сите лично да ги контактираат за да го знаат нивното мислење.

„Најважно е да стигне информацијата до сите нив, зашто не сите ја знаат информацијата и важноста за сите. За првпат ќе имаме точни бројки за нашите граѓани во светот и ќе можеме да ги димензионираме услугите и да направиме политики за да го поттикнеме нивното враќање назад, односно да го спречиме нивното заминување од земјава“, изјави Османи.

spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

И шоферот на Палчо доби гратис шишање за во Шутка !!!

Судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје го прифати предлогот на Обвинителството, и му одреди 30-дневен притвор на возачот кој го возел...

Првото селфи на Боки 13 откако е на слобода- Мора да признаеме како за болен човек, добро изгледа !!!

Бојан Јовановски, познат како Боки 13 објави фотографија на својот Фејсбук, прво селфи на слобода. „Првото селфи на слобода после повеќе од 4 години. Господ...

Возачот на Палчо не чувствува вина: Јас го возев на болница

Стефан Димковски, кој го превезуваше Љупчо Палевски-Палчо и заврши во притвор, не чувствува вина во случајот со убивањето на Вања Ѓорчевска, одговори тој на...

Мајката на Вања: Не можам да разберам, се ми е нереално – Со сопругот бевме 5 години разделени, но бевме во добри односи.

Зорица Ѓорчевска, мајката на Вања Ѓорчевска (14) која беше убиена кај скопското село Бразда за српска „Република“ изјавува дека важно и е само да...