9.9 C
Ohrid
вторник, април 23, 2024
ПочетнаМакедонијаБитиќи: Ние овде се мачиме и штедиме домаќински за да вратиме стари...

Битиќи: Ние овде се мачиме и штедиме домаќински за да вратиме стари долгови, а некој си ужива во Будимпешта.

Ова што сега го враќаме, не е нешто што ние сме го направиле, туку нешто што некој претходно го направил, а притоа си го ужива тој што е во Будимпешта – рече .

Владата верува дека пратениците ќе имаат доблест на 23 март да ја изгласаат потребата од донесување на законите од петтиот антикризен пакет за тој што поскоро да стане функционален. Доколку е потребно, ќе се разговара и со пратениците од парламентарното мнозинство да се интервенира преку амандмани за да не се пропушти февруари како месец во кој би се искористиле мерките.

Ова го изјави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во вечерашното гостување на емисијата „24 Анализа“ на Телевизија 24.

– За жал, сега бидејќи се влезени во собраниска процедура, Владата не може да даде амандмани. Ние се уште веруваме дека ќе има доблест на 23 март да поминат законите од петтиот пакет за да влезат во комисиска расправа и за неколку дена да се изгласа за февруари да не се пропушти како месец во кој би требало стопанственците да ја добијат помошта за да ги зачуваат работните места. Ако е нужно, ќе разговараме со сите наши пратеници од владејачкото мнозинство и од опозицијата да предложат амандмани со кои би требало помошта во февруари да стигне – рече Битиќи.

Тој истакна дека состојбата се следи и Владата соодветно ќе се одговори во секој момент. Доколку е потребно, ќе донесе нов пакет соодветни мерки кои ќе имаат најмало негативно влијание на секој чинител во општеството. Порача дека сега не е време за политички игри, туку за преовладување на разумот.

– Сметам дека разумот ќе преовладее затоа што во период на економска и здравствена криза не треба премногу политика да внесуваме. Ќе има време за политички мегдан. Сега е важно дали и како ќе ја поминеме економската и здравствената криза. Во овој момент не треба дневно-политички да калкулираме, туку да го направиме она што навистина би сакале да го направат другите за нас, кога ние би се нашле во истата ситуација – рече Битиќи.

Во однос на задолжувањето, рече дека сега се враќаат долговите што се направени од претходната власт.

– Ова што сега го враќаме, не е нешто што ние сме го направиле, туку нешто што некој претходно го направил, а притоа си го ужива тој што е во Будимпешта – рече Битиќи.

 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

73 годишен Тетовчанец, ја затворил снаата во соба и ја тепал.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.К.(73) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ при семејно насилство и...

Ученикот кој претепа наставничка, од „Димо Хаџи Димов“ ќе биде префрлен во „Владо Тасевски“

Институциите, општината и основното училиште по претседателските избори ќе бараат решение за ученикот кој вчера претепа наставник и нападна ученици, а потоа беше приведен од...

19-годишник и малолетник завршиjа во полиција – Го прекршиле изборниот молк !!

Две лица од тетовско со лепење плакати за кандидат за претседател го прекршиле изборниот молк. Министерството за внатрешни работи информираше дека утрово во 01.05...

Боки вечерва повторно ќе УДРИ?! -Најавува вклучување во живо !!!

Боки 13 во поткастот „Лазаров“ зборуваше и за основањето на Меѓународен сојуз, но и за „1ТВ“. Зборуваше за функционерите, пришто кои ги обвини, за...