4.9 C
Ohrid
четврток, април 18, 2024
ПочетнаМакедонијаПановски: Ви пишуваат казна за неносење маска на отворено во интерес на...

Пановски: Ви пишуваат казна за неносење маска на отворено во интерес на економијата, треба веднаш рестораните и кафулињата да се затворат доколку сакаме да го спречиме ширењето на вирусот !!!!

Надлежните да признаат каде најмногу се шири коронавирусот, а не во интерес на економијата да се затскриваат зад напишани казни за неносење маски на улица, бидејќи на отворено и со држење дистанца вирусот не се шири, изјави за Алфа микробиологот Никола Пановски.

Тој вели дека е неопходно да се стави клуч на врата кај угостителските објeкти и да се воспостави ред во јавниот превоз, бидејќи само така ќе се држи под контрола третиот бран на коронавирус во земјава.
– Сите мерки, додека работат кафeани, кафулиња, фитнес клубови, коцкарници и обложувалници се депласирани, без разлика дали од 22 до 5 часот. Казнување луѓе по улица поради тоа што не носеле маски нема никаква врска со ширењето на епидемијата. Се знае каде се шири епидемија. Рестораните, барем според мене, не треба да работат. Од економски причини работат, па плаќаме со болест и животи, а друго е што таму внатре не се почитуваат мерките, бидејќи во кафичите секојдневно гледате како стојат на коњопои на триесет сантиметри без маски – вели професор доктор Никола Пановски.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Почина познатиот македонски моторџија Тони Шипка.

На 48 годишна возраст почина познатиот македонски моторџија Тони Шипка, соопшти неговиот клуб LOWLANDERS MC MACEDONIA на социјалните мрежи. – Почина Тони Шипка, човек кој...

Традиционално од Света Петка Велгошти, ВМРО ДПМНЕ ја започна парламентарната кампања.

Огромен број граѓани вечерва присуствуваат на големиот народен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид од каде партијата традиционално ја започнува кампањата за парламентарните избори. Кандидатите за...

Ковачевски најавува победа со над 61 пратеници на парлементарните избори

СДСМ и Коалицијата за европска иднина ќе добијат голема поддршка од граѓаните и ќе ја формираме новата Влада која најдоцна до 2030 година ќе...

Да беше жив, денес ќе славеше 73 години !!

Ќе наполнеше 73 години Роден на 19 Април 1951та во Скопје! Беше еден од најкреативните, најталентираните и најшармантните актери во Македонија! Беше еден од ретките,...