8.9 C
Ohrid
четврток, април 18, 2024
ПочетнаМакедонијаПреку онлајн петиција се бара Васил Гарванлиев да не ја претставува Македонија...

Преку онлајн петиција се бара Васил Гарванлиев да не ја претставува Македонија на Евровизија !!!

На фејсбук се шири петиција, чии наслов е Стоп за понижувањата со Евровизија 2021 година. Со петицијата се бара Македонската Радио Телевизија веднаш да го повлече настапот на Евровизија 2021.

Оттаму излегуваат со неколку тврдења и барања, кои се однесуваат на годинашниот евросонг, околу кој се повеќе излегуваат контроверзи.

Еве што се вели во петицијата. Имено, тие тврдат дека претставникот на овогодинешниот Евросонг Васил Гарванлиев воопшто не ја претставува Македонија. Додаваат и дека Васил Гавранлиев во интервју за Евровизија „случајно“ нагласува дека има бугарско државјанство и дека го добил поради тоа што Струмица е блиску до Бугарија.

Од петицијата даваат и политички квалификации.

„Настапот на Васил Гавранлиев изгледа како да е инсцениран во склад со политиките на Зоран Заев, Бучковски и Љубчо со кои се сака да се прифати дека македонскиот народ е создаден по 1944-та година. Во неговиот спот ‚случајно’ некој ги заменил боите од триптихот на Жанета Вангели за да наликуваат на бугарското знаме“, се вели во петицијата.

Оттаму нагласуваат дека бараат ОЈО да утврди одговорност за ноторна повреда на авторските права на Ж. Вангели, како и да се утврди одговорноста на продуцентот за повреда и на угледот на државата со про-бугарски обележја. Потоа, бараат надомест на материјална и морална штета и суспеннзија на одговорните лица од работно место. Исто така, со петицијата се бара „од страна на МРТ веднаш да се откаже настапот и да престанат понижувањата на македонскиот народ, како и замрзнување на учество на македонски претставник до расчистување на овие скандали и утврдување објективни мерила и критериуми за избор на песна и учесник“, се вели во петицијата.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Традиционално од Света Петка Велгошти, ВМРО ДПМНЕ ја започна парламентарната кампања.

Огромен број граѓани вечерва присуствуваат на големиот народен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид од каде партијата традиционално ја започнува кампањата за парламентарните избори. Кандидатите за...

Ковачевски најавува победа со над 61 пратеници на парлементарните избори

СДСМ и Коалицијата за европска иднина ќе добијат голема поддршка од граѓаните и ќе ја формираме новата Влада која најдоцна до 2030 година ќе...

Да беше жив, денес ќе славеше 73 години !!

Ќе наполнеше 73 години Роден на 19 Април 1951та во Скопје! Беше еден од најкреативните, најталентираните и најшармантните актери во Македонија! Беше еден од ретките,...

Доживотен затвор за кочанскиот монструм кој уби жена со 41 убод од нож

По поднесено обвинение од Основното јавно обвинителство Кочани, а по признание на вина, Основниот суд во Кочани донесе осудителна пресуда за едно лице за...