17.3 C
Ohrid
вторник, мај 11, 2021
Почетна Македонија И покрај што на сликите се гледаат децата, Охридската градинка демантира дека...

И покрај што на сликите се гледаат децата, Охридската градинка демантира дека се вршело дезифекција во нивно присуство !!!!!

Translate (Eng):[gtranslate]

Вчера го пријавив случајот во санитарната инспекција и тие денеска ќе излезат да направат увид и во градинката и во јавното претпријатие и во Општината, за да видат кој има побарано да се изврши дезинфекцијата, вели за „Слободен печат“ Сашо Донев, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, кој на социјалните мрежи објави фотографија од охридската градинка ЈОУГД „Јасна Ристеска“, на која се гледа како се врши дезинфекција во градинка во присуство на деца.

– Дезинфекцијата е направена во работен ден, во петок, но тоа треба да се направи во неработен ден, на пример во сабота, кога во градинката нема деца – вели Донев, истакнувајќи дека дезинфекцијата ја вршеле од охридското комунално претпријатие, а не од Центарот за јавно здравје, потенцирајќи дека тие немаат лиценца за тоа.

 

РЕКЛАМА
- Реклами -