6.9 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаСтерјовски испиша историја со обраќањето на македонски јазик во албанскиот Парламент

Стерјовски испиша историја со обраќањето на македонски јазик во албанскиот Парламент

Пратеникот од Македонска алијанса за европска интеграција, во албанскиот Парламент, Васил Стерјовски денес запиша уште еден историски настан за Македонците во Албанија.

Тој не само што е прв пратеник, кој јавно се декларира како Македонец, денес за првпат се обрати на македонски јазик од собраниската говорница во албанскиот законодавен дом.

-Почитуван претседател на Собранието, почитувани пратеници. Ја имав честа во сто и првата годишнина од Собранието на Република Албанија да бидам првиот пратеник кој се декларира за Македонец. Јавностa преку парламентарната говорница слушна за Македонците во Преспа, Гора, Голо Брдо и Врбник, за Македонците низ цела Албанија, рече тој на почетокот од обраќањето.

Додаде дека достојно ги претставувал Македонците во Албанија, како и сите граѓани од округот на Корча.

Се борев за подобрување на условите за живот и работа на Македонците во Албанија, ги подржав сите закони за евро – атланските интеграции. Благодарност до Владата што го одобри проектот вода за пиење на општина Пустец од 4 милиони евра, благодарност за поддршката од колегите пратеници, посочи тој.

Рече дека се гордее што бил гласот на Македонците, на сите малцинства во Албанија и се борел за општество на еднакви пред Уставот и законите

Почитувани сонародници, бидете горди Македонци и лојални државјани на Албанија, негувајте ги македонскиот јазик, култура, историја и традиции бидејќи и тие cе нераскинлив дел од Албанија, порача Стерјовски во неговото обраќање на македонски јазик, што е прво во историјата на албанскиот парламент.

Стерјовски во албанскиот парламент влезе во мај 2019 година и во оценувањето на активноста на пратениците редовно е меѓу најактивните, главно со прашања кои ги тиштат Македонците во областите Преспа, Голо Брдо и Гора, каде нивната концентрација е најголема, но и прашања кои ги мачат жителите на округот Корча од каде и е пратеник.

Тој на парламентарните избори на 25 април е на кандидатската листа на Социјалистичката партија, исто така во Изборната единица Корча.

vesnik ilinden

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...