24.9 C
Ohrid
сабота, јули 19, 2025
ПочетнаМакедонијаПродажбата е одобрена: Армијата ќе се поднови со 54 лесни оклопни возила...

Продажбата е одобрена: Армијата ќе се поднови со 54 лесни оклопни возила од марката Стајкер.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Армијата ќе се поднови со 54 лесни оклопни возила од марката Стајкер. Стејт Департментот објави дека набавката вредна 210 милиони долари, покрај Страјкери, вклучува борбени возила, транспортери на пешадија, и командни возила. Сите ќе бидат опремени со соодветно вооружување, комуникациска и придружна техника, како и резервни делови и специјални алати.

<

Според спецификациите се работи за лесно оклопно возило со 8 тркала кое постигнува брзина од 100 километри на час со опсег на дествување од 500 километри. Претставено е 2000-та година и се смета за исклучително опасно и лесно маневрирачко наоружување.

Дел од парите, до 25% ги покрива Владата на САД, останатите – Владата. Од Министерството за одбрана велат дека станува збор за продолжување на веќе започнатиот повеќегодишен проект за модернизација на Армијата, кој треба да се реазлира до 2024-та година. Набавката ќе се одвива во неколку фази, а во првата ќе стигнат 20 возила веќе од следната година.

Од Министерството додаваат дека со набаваката за опремување и модернизација на Армијата, покрај исполнување на побарувањата од НАТО, ќе се овозможи и земјава да ги проектира и заштити своите витални и национални интереси. Целта на Стејт Депатментот на САД е да гради трајни безбедносни партнерства ширум светот и да ги зајакне сојузниците колективно да ја спречуваат агресијата, да ги намалат заканите, да одржуваат поволни регионални стратешки рамнотежи и да го подобрат споредлувањето на товарот. Одделот, преку ЕРИП програмата им помага на европските партнери и НАТО сојузници да ги модернизираат своите воени силии да се оддалечат од опремата од советското наследство или руското прозивдоство, за да се намали руското влијание врз набавките за одбрана на партнерите и сојузниците.

Инаку почетокот на овој месец, САД донираше скоро 1.300 автоматски пушки М4 за потребите на Армијата.

Sitel

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Автопатот Скопје-Тетово затворен во двата правци

Автопатот Скопје – Тетово е целосно затворен за сообраќај во двата правци, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Граѓаните се повикуваат...

Гест за почит: Скопски таксист не му наплати на Јанко – „Фала ти за љубовта кон Македонија“

Колумбиецот Јанко, кој во последните години стана препознатлив по тоа што пее песни на македонски јазик и со својата харизма ја промовира нашата култура...

Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје

Претседателот на СДСМ Венко Филипче попладнево на прес-конференција објави уште еден дел од кандидатите за локалните избори, по состанокот на Извршниот одбор на партијата,...

Исчезнато 13-годишно девојче е пронајдено кај 33-годишен маж во Џепчиште

Рано утрово во тетовското село Џепчиште, во домот на 33-годишен маж е пронајдено 13-годишно девојче кое мајката претходно го пријавила како исчезнато, соопшти МВР....