17.1 C
Ohrid
сабота, октомври 5, 2024
ПочетнаМакедонијаНова вредна донација за Охридската Болница која беше неопходна за лекување на...

Нова вредна донација за Охридската Болница која беше неопходна за лекување на пациенти од ковид 19 од СОС БАЛКАНМЕДИА и „СН ОСИГУРИТЕЛЕН БРОКЕР“

Во ова време кога целосно е мобилизиран медицинскиот персонал, како и сите ресурси на ЈЗУ Општа Болница – Охрид, кога борбата за секој пациент заболен од ковид 19 е да му доставиме непречен довод на кислород, борба за спас на животи, таквата борба знаат да ја ценат општествено одговорните компании.

ЈЗУ Општа Болница Охрид денес во овој момент ја доби она вредна донација, која спасува животи. Во организација на СОС БАЛКАНМЕДИА Охрид ,а со несебична помош на досега докажаните хуманитарци од „СН Осигурителен Брокер“- Битола, кој се долгогодишни партнери на СОС Балканмедиа поддржувајќи хуманитарни мисии, во ЈЗУ Општа Болница Охрид, донираа Регулатори за О2, овлажнувачи, назални маски, како и она што во моментов беше најпотребно за лекување на квоид пациенти, маска Охајо Драгер, кој бе а итекако потребни за лекување на пациенти со тешка клиничка слика од ковид 19. Сите донирани артикли се сертифицирани за медицински цели и истите се набавени од страна ан СОС БАЛКАНМЕДИА Охрид „СН ОСИГУРИТЕЛЕН БРОКЕР“ Битола од реномираната компанија „Хипомед ДООЕЛ“ од Скопје.

Директорот на ЈЗУ Општа Болница Охрид, Др.Горан Балески кој ја прими донацијата од име на ЈЗУ Општа Болница Охрид, истакна:

„ Најнапред искрено сакам да се заблагодарам на СОС Балканмедиа, на господинот Сашо Денесовски, кој се докажани донатори во ЈЗУ Општа Болница. Исто така сакам да се заблагодарам на „СН Осигурителен Брокер“ од Битола за вредната донација, која во организација на СОС Балканмедиа до сега се појавуваат како донатори во многу наврати. Вреди да напоменам, дека пред само два дена во еден разговор со господинот Денесовски и со директорите на СН Осигурителен Брокер, г-дин Христо Кондовски и г-дин Зоран Пејчиноски, запрашан од нивна страна што е неопходно за болницата во овој момент, кратко кажав дека имаме недостиг на редуктори за боци за кислород, назални маски и Охајо маски. Истиот момент, само кратко кажаа, добивате за два дена донација, и еве денес ја добиме донацијата, која веднаш ќе биде предадена во модуларната болница и интерното одделение каде се лекуваат ковид пациенти. Сакам наискрено да им се заблагодарам за се она што го прават за нас медицинските работници, за градот Охрид , за пациентите во нашата болница“, ќе истакне директорот Горан Балески.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Болницата плодност се збогува со своите колеги

Во 12 часот напладне, во Болницата Плодност се одржа комеморативен настан за трагично загинатите наши медицински лица, примариус д-р Александар Ристески, врвен македонски радиолог,...

Пецаков: Од народ за народ, 80.000 денари од хуманитарниот турнир ќе бидат префрлени на сметката на нашата нашата сограѓанка Бојана Бонеска, на која за...

Од народот за народот таму каде што е најпотребно. СРЦ „Билјанини извори“ во соработка со Општина Охрид, организираат хуманитарен фудбалски турнир по повод 7ми...

Таравари: Лекари од приватното сакаат да се вратат во државното здравство

Укинувањето на економските директори во здравството прави заштеди во секторот, а за прв пат по 15 години имаше и проширување на позитивната листа. Ова...

Над 10 илјади евра годишно ја чини државата еден затвореник

Директорот на Управата за извршување на санкции Александар Пандов вели дека еден затвореник државата ја чини околу 2 100 денари на ден или над...