8.9 C
Ohrid
четврток, април 18, 2024
ПочетнаМакедонијаФилипче: За сите вакцини и лекови водиме сметка да се соодветно испитани

Филипче: За сите вакцини и лекови водиме сметка да се соодветно испитани

За сите вакцини и лекови водиме сметка да се соодветно испитани и да ги имаат соодветните сертификати за квалитет и да се потврдени од регулаторните тела, изјави министерот за здравство Венко Филипче, во емисијата 24 Анализа.

Министерот Филипче, со доза на воздржаност најави дека очекува вакцините од Астра Зенека да стигнат на 31 март и 15 април, додека кинеските вакцини на 31 март, нагласувајќи дека системот е подготвен и точно се знае како ќе се одвива вакцинирањето.

Во однос на ставот на Европската агенција за лекови дека вакцината на „Астра Зенека“ е безбедна, министерот Филипче посочи, дека во однос на оваа вакцина посебно водат сметка и за тоа што го кажуваат националните агенции во ЕУ, кои времено го запреа вакцинирањето и ги следат сите релеватни истражувања.

Неколку случаи, посочи Филипче, излегоа во изминатиот период и тоа придонесе да се создаде сомнеж.

– Националните агенции на земјите каде што имаше несакани ефекти од вакцината преземаа мерки на претпазливост и времено го запреа вакцирањето со „Астра Зенека“. Што е нормално, да бидат внимателни и да се утврди ако има причинско последична врска. Релевантна инстутуција за тоа е Европската агенција за лекови, која излезе денеска со став дека дефинитивно не станува збор за компликации, заради кои што треба да се прекине или ствараат сомнеж. Дефинитивно вакцината е безбедна и нема причинско последична врска со овие случаи и верувам дека имунизацијата ќе продолжи, изјави Филипче.

За тоа зошто не е вакциниран, министерот Филипче, повтори дека лично ќе се вакцинира тогаш кога ќе стигнат поголемите дози вакцини.

– Регионалниот директор на СЗО Клуге вчера го потврди тоа дека уште на почетокот сме работеле заедно да го подготвиме нашиот систем и тој е целосно спремен. Меѓутоа се случи да се одложат два механизми, за кои голем број земји веруваа дека може порано да стигнат вакцините. Сега имаме повторнјо најава, но ќе го кажам со доза на резерва. Дозите ќе стигнат на 31 март и 15 април. Вкупно 100 илјади, но сепак и тие го кажуваат тоа со доза на резерва. Ова ќе биде количина од вакцина на Астра Зенека. И кинеските вакцини, според најавите, ги очекуваме до 31 март, изајви Филипче.

Според директорот на Институтот за имунобиологија Александар Петличковски, бројките за вакцината на Астра Зенека се многу убедливи и заклучокот на Европската агенција за лекови е до некаде очекуван.

– На вкупно 17 милиони дадени дози од вакцината на „Астра Зенека“ се пријавени 37 несакани ефекти во форма на некаква тромботична случка. Тоа прави една фрекфенција што е помала отколку фрекфенцијата во општа популација, изјави Петличковски.

Несаканите појави кои се еден на милион, нагласи тој, мора да ги споредуваме со три случаи на 100 кои умираат од корона во нашата земја.

– Имаме 115 илјади детектирани случаи на корона и над три илјади мртви. Што прави околу три на сто мртви. За овие несакани ефекти еден, десет на милион нема простор за паника, но заслужуваат сериозни проверки, изјави Петличковски.

Директорка на Инфективна Милена Стевановиќ, рече дека пред многу кратко време ја поминала болеста, но дека ќе се вакцинира со „Астра Зенека“, во првиот момент кога ќе дојде за вакцинација.

-Мораме да имаме доверба во нашиот систем. Јас ја имам, не само затоа што работа во него. Се потешко ќе ни биде во секоја идна и сегашна ситуација, ако не веруваме во она што го прави здравствениот систем. Верувам дека, многу малку верувале и очекувале дека ќе се носиме со работите вака како што се носиме, а јас сметам дека многу професионално и многу добро се носиме, изјави Стевановиќ.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ахмети на импровизирана седница го избра Села за претседател на Собранието, ги усвои и измените на Уставот!

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети го прогласи лидерот на Алијанса за Албанците, дел од Европскиот фронт, Зијадин Села за претседател на Собранието на Македонија,...

ВМРО-ДПМНЕ традиционално ја стартува кампањата од Охрид, вечерва митинг на Градскиот плоштад

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“, со голем народен митинг, вечерва традиционално ќе ја започнат кампањата за парламентарните избори од Охрид. На настанот, кој со почеток...

Тепачка меѓу функционери на ДУИ во Гостивар?!?!

По судирите и тепачките во Струга, поделбата меѓу противниците на Европскиот фронт продолжи и во гостиварскиот огранок, објави порталот Фол. Додека претходно во Струга дошло...

Истепан вработен во ЕВН во Сарај.

Во текот на вчерашниот ден во 15.00 часот во СВР Скопје, Д.Б.(38) од с.Кадино, општина Илинден, пријавил дека во с.Глумово, општина Сарај, при извршување...