8.8 C
Ohrid
вторник, ноември 5, 2024
ПочетнаМакедонијаМакедонија побара донација и од Албанија за вакцини.

Македонија побара донација и од Албанија за вакцини.

Заменик министерот за здравство д-р Илир Хасани побара од премиерот на Албанија Еди Рама, aлбанското здравство да ѝ отстапи на Македонија вакцини против ковид-19. Хасани вели дека во Албанија е подобрена состојбата во поглед на располагање со вакцини и дека би било добро да помогне во имунизацијата на населението во нашата земја, каков што гест, нагласува тој, неодамна направи Србија. Заменик министерот за здравство Илир Хасани упати порака до премиерот на Албанија Еди Рама да ѝ помогне на Македонија со донација на извесен број на вакцини против ковид-19. Во интервју за весникот Лајм, Хасани рече дека бројот на вакцини во Албанија во последните денови е значително зголемен, затоа тој решил од властите во Тирана да побара да испратат вакцини за Македонија, имајќи предвид, како што нагласил, дека земјата има недостиг и проблеми со набавката.

„Вистина е дека доцниме со вакцинирањето на населението. Имам предвид дека во моментов бројот на пристигнати вакцини во Албанија е значително зголемен. Всушност, имајќи ја предвид соработка со Србија, ја разгледав и опцијата да го замолам премиерот Еди Рама да нѝ даде определена количина на вакцини со би ѝ се помогнало на земјава. Јас ова не го велам случајно, туку затоа што секој ден на доцнење со вакцинацијата може да значи повеќе болни и поголема загуба на животи. Проблемот е поголем отколку што мислевме. Прашањето на вакцините е глобален проблем и е потребен сериозен пристап кој нема тесно да биде дефиниран на поединци, туку ни треба поширок меѓусекторски и меѓудржавен пристап“, вели Хасани.

Тој нагласува дека и некои од земјите на ЕУ исто така испратија писма до Европската комисија укажувајќи дека механизмот на ковакс создава нееднаквост помеѓу државите, поради што, како што потенцира, потребна е солидарност помеѓу земјите од Балканот. Инаку, викендов преку ковакс-механизмот во Албанија пристигнаа 38 илјади дозви вакцини, а е најавена уште двојно поголема количина. Албанија ќе добие и финансиска помош од Европската Унија за вложувањата во здравствениот систем за време на пандемијата.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Доцна вечерва ново убиство во Штип.

Во атарот на штипското село Пиперово пронајдено е безживотно тело на млад маж. Според првичните информации пронајден е со прострелна рана. Што се случило на...

Највисока награда за Прилепското друштво од Сиднеј – доделена од град Прилеп

По повод 80 години од Денот на ослободувањето на Прилеп, на Свечена седница на Советот на општината Прилеп, синоќа беа доделени традиционалните Трето-ноемвриски награди...

Охридските стрелци повторно се искачија на пиедесталот на меѓународниот турнир во Благоевград.

Како по традиција охридските стрелци бележат високи пласмани и освојуваат медали на Меѓународниот турнир во Благоевград во гаѓање со воздушно оружје. На турнирот учествуваа повеќе...

Вработени во МВР им продавале тајни податоци на криминалци

МВР поднесе кривична пријава против Д.Г.(58), Е.А.(58) и О.П.(44), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злосторничко здружување“, „оддавање...