26.9 C
Ohrid
понеделник, јули 26, 2021
Почетна Македонија Мојот син со аутизам ме поттикна да се вратам во Босилово и...

Мојот син со аутизам ме поттикна да се вратам во Босилово и да отворам етно ресторан.

Translate (Eng):[gtranslate]

На само половина час возење од „Смоларските водопади“ се наоѓа селото Босилово, а од Струмица се наоѓа на 8 километри. Најголемиот процент од жителите на селото се занимаваат со земјоделие и сточарство. Дел од нив работат во поголемите градови како Струмица и Гевгелија, но има и такви кои се одличиле да се вратат на село и да вложат во развој на селскиот туризам.

Денеска ќе ви ја споделиме приказна на Коста Тимов, кој од менаџерка позиција во Гевгелија се вратил во Босилово и отворил свој етно ресторан кој има огромна градина и е дом на многу домашни животни вклучувајќи го и неговиот коњ кој го користи за рехабилитација на децата со посебни потреби.

РЕКЛАМА

Коста вели дека причината поради која се одлучил на еден ваков потег е неговиот син со аутизам. Неговото дете Виктор за него е единствената причина да даде се од себе и да му обезбеди живот онака како што заслужува.

Коста вели дека менаџерска позиција го поттикнала да започне да размислува за тоа како да одвои повеќе време за неговото семејство и како да започне да функционира независно од работниот ангажман.

Постојаните оправдувања за неговите отсуства од работа и недостигот на време за грижа кон син му, но и постојаното размислување за тоа како да го вклучи своето дете во секодјевните рутини му го поставиле темелот на идејата за отварање на сопствен ресторан.

Како главна причина која го мотивирала да отвори етно ресторан со широк зелен каде децата со посебни потреби ќе ги чувствуваат сите придобивки, бил проблемот кој постојано се појавувал во дел од угостителските објекти, каде гостите честопати коментирале „Зошто не останете дома“ или „Зошто сте го зеле тоа дете со вас“.

 

На дваесетти јуни минатата година за првпат ја отворил портата од својот ресторан именуван како „Етно ресторан кај Виктор“ за сите гости. Воедно ги поканиле сите родители на деца со посебни потреби од регионот и им ветиле дека во овој двор е добредојден за секого. Овде може да се организираат разни симпозиуми, семинари, традиционални фолклорни манифестации како и селски настани кои се оддржуваат на Велигден, Бадник и на други празници.

Извор: Кајак за повеќе детали ТУКА

- Реклами -