Музичарите од Прилеп: Ние не бараме помош од државата, или дозволете да работиме или ќе го блокираме превојот Плетвар.

На ден 16.03.2021 година музичарите од Прилеп самоиницијативно остварија работен состанок на кој разговараа за проблемите со кои се засегнати поради Ковид пандемијата. Еве цела година како не работиме и немаме право на егзистенција, ние сме единствената гранка во општеството кое е дискриминирана и нема право да ги остварува своите работни обврски! Ние не бараме парична помош од државата, не сакаме да го оптеретуваме буџетот, ние бараме да се изготват протоколи и мерки за конечно да почниме да музицираме.

Како што се изготвија мерки за дикотеки, казина, кафиќи, ресторани и тн. возможно е и музичарите да работат и да егзистираат!!! Апелираме до музичките здруженија каде и ние членуваме да се направи протокол за работа и да се достави до Владата на Република Македонија за што поскоро да започнеме со работа, во спротивно масовно ќе излеземе на протести 24/7 блокирајќи го превојот „ПЛЕТВАР“. Оваа одлука едногласно беше донесена од прилепските музичари каде секој со својот потпис ја поддржа оваа одлука!!!

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here