6.8 C
Ohrid
четврток, април 18, 2024
ПочетнаМакедонијаДебарцаТребенишко Езеро е најмладото природно езеро во Македонија, на 754 m надморска...

Требенишко Езеро е најмладото природно езеро во Македонија, на 754 m надморска височина

Требенишко Езеро е најмладото природно езеро во Македонија, на 754 m надморска височина. Се наоѓа источно од магистралниот пат Скопје-Кичево-Охрид, во атарот на с. Требеништа, општина Дебарца, поточно во долината на Требенишка река. Езерото е настанато во 1963 год. во пролетниот период, како последица на лизгање на земјиштето (урнис) и преградување на речната долина на Требенишка Река, лева притока на реката Сатеска.

Како последица на тоа преградување, дел од долината на оваа река се исполнил со вода, при што настанало Требенишко Езеро. Ова езеро, заедно со Моклишко Езеро, припаѓа на групата на урниски (свлечишни) езера, единствени од ваков тип во нашата држава. За љубителите на природата, езерото е лесно достапно и патот е релативно добар. Во поголем дел патот е асфалтиран, а единствено во последните неколку стотици метри е земјен пат.
Требенишко Езеро се протега во правец исток-запад и поради својата убава околина обрасната со зимзелена и листопадна шума е многу привлечно. Должината му изнесува околу 250 m, а ширината околу 85 m. Максималната длабочина изнесува околу 5 m и акумулира околу 30.000 m3 вода. Северниот и западниот брег се пострмни, а јужниот и источниот имаат поблаг наклон.

Ова езеро со вода најмногу се полни од Требенишка Река, потоа од приливот од подземните води, од топење на снегот, како и од врнежите од дожд, додека водата ја губи преку истекување на поток, кој извира под самото лизгалиште и се влева во долината на реката Сатеска.
Инаку, урниските (свлечишните) езера настануваат под влијание на различни физичко-географски фактори. Во минатиот век, како последица на уривање на една од долинските страни, настанати се Моклишко Езеро во сливот на Ваташка Река и Требенишко Езеро во сливот на истоимената Требенишка Река.

Овој тип на езера може да настанат за време на појава на посилни земјотреси, поради слабата врзаност на карпестите маси, како што е случајот со Моклишко Езеро или пак за време на големо превлажнување на растресит и слабо врзан материјал, кој лежи над водонепропустлив слој, како што е случај со Требенишко Езеро. За избегнување на појава на лизгалишта, потребно е истите благоевремено да се предвидуваат заради превентивна заштита на одредени населени места и населението кое живее во нив.
Иако е мало езерце, сепак заслужува внимание за посета, поради начинот на неговото формирање, како и водостопанското значење.

Водата на езерото е многу матна, а бојата варира од жолтеникава до кафеава нијанса. Ваквата нијанса на водата се јавува како последица на ерозијата на плиоцени седимени, кои се јавуваат од двете страни на езерото. Требенишко Езеро засега има само локално значење, при што служи за напојување на стоката и е привлечно за рекреативен риболов. Благодарение на порибувањето, во езерото се среќаваат различни видови на риби.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Јакимовски од Охрид: Треба да направиме автопат од Св. Стефан до Св. Наум, да направиме тунел под Галичица

Јакимовски, вчера попладне оствари средба со граѓани на Охрид, пред кои ги презентираше седумнаесетте точки од предизборната програма за претстојните претседателски избори. Доколку ја добие...

Таравари: Гарантираме 800 евра минимална плата !!!

Претседателскиот кандидат на ВЛЕН, Арбен Таравари на денешната прес-конференција рече дека на овие избори има целосно единство на албанската опозиција и тоа гарантира победа,...

Почина познатиот македонски моторџија Тони Шипка.

На 48 годишна возраст почина познатиот македонски моторџија Тони Шипка, соопшти неговиот клуб LOWLANDERS MC MACEDONIA на социјалните мрежи. – Почина Тони Шипка, човек кој...

Традиционално од Света Петка Велгошти, ВМРО ДПМНЕ ја започна парламентарната кампања.

Огромен број граѓани вечерва присуствуваат на големиот народен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид од каде партијата традиционално ја започнува кампањата за парламентарните избори. Кандидатите за...