13.9 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаВо Охрид се уништи автентичното архитектонско дело на Павел Балабан: Ресторанот и...

Во Охрид се уништи автентичното архитектонско дело на Павел Балабан: Ресторанот и дискотеката Парк заминаа во историјата…

Со тешка градежна механизација се урива некогашната дискотека и ресторан „Парк“, дел од комплексот кој повеќе не постои на просторот на Горица 1. Се работи за приватен имот, чиј сопсственик ги обезбедил потребните дозволи. Тука, според најавите, ќе се гради хотел на три ката и потпокрив на 50 метри до езерото.

Видеото од уривањето на дискотеката и ресторанот „Парк“, изградени според наградуваниот проект на познатиот охридски архитект Павел Балабан, предизвика лавина реакции на социјалните мрежи, а најгласни беа екологистите, кои сметаат дека е направена непоправлива штета.

Уништија автентично архитектонско дело на ХХ век. Направете само споредба, колку време требаше да се погреба уметничка творба наспроти „справувањето“ со нелегалните градби кое за скоро две години резултираше во една бекатонска плажа помалку и платформи без штици. – стои во реакцијата на неформалното еколошко движење Охрид SOS.

ohridnews

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Филипче: Сум работел во АВТОПЕРАЛНА и од таму ми е љубовта кон моторите и автомобилите !!!

Познатиот неврохирург д-р Венко Филипче, раскажува за првата посета на операциона сала, како ученик во средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“. Во „Неформално“ на Сител...

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...