11.9 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаМакедонијаМерко ги нарече стружани „кучиња што лаат“

Мерко ги нарече стружани „кучиња што лаат“

spot_imgspot_img

Наместо струшкиот градоначалник да одговори каде се гоштевал и кога потрошил 27.500 евра, каде општинската админстрација сред пандемија потрошила 16.000 евра,а Претседателот на градскиот Совет 12.000 евра и дополнитени 19.000 евра за една година,во услови кога Советот не бил свикан цели 9 месеци, Мерко сите оние кои го критикуваат за неговиот јавашлук, ги нарекува кучиња кои лаат, по караванот што продолжува понатаму.

Згора на се’ министерот за внатрешни работи Оливер Спасоски вчера бил во официјална посета на Струга,при што одржал и работен состанок со градоначалникот Мерко.На прашањето, зошто медиумите не беа информирани,од оштина Струга велат:затоа што активноста беше организирана од страна на МВР. Од МВР пак велат,имаме официјално соопштение за средбата, за друго обратете се во општина Струга и толку ! Граѓаните на социјалните мрежи прашуваат зошто министерот не проверил колку домаќински ја води општината Мерко и како се придржува на препораките на Унеско?

На официјалната страна на општина Струга стои дека министерот Спасоски му се заблагодарил на градоначланикот за макотрпната работа.Првиот полицаец пак напишал дека на средбата ја потенцирале добрата соработка меѓу локалната самоуправа и полицијата и начините како таа да се продлабочи во интерес на граѓаните на Струга.

алфа

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Врховен одлучи: Таткото на убиената Вања оди во домашен притвор

Врховниот суд на Република Северна Македонија ја уважи жалбата на таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, ја укина определената мерка притвор и за обвинетиот определи...

Стојанче: Овојпат ДУИ мора да падне, со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме

По вчерашниот пораз на СДСМ утрово се огласи и Стојанче Ангелов. СЕГА ИЛИ НИКОГАШ! Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ...

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Џаровски соработуваше со најголемите југословенски естрадни...

Доктор Нико си тера мајтап: „Стефчо Јакимовски собра повеќе потписи од гласови“,

Вечерва, кога веќе се познати изборните резултати, кандидатот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски освои околу 5.500 гласови, доктор Нико Беќаровски објави хумористичен статус за него. „Стефчо...