5 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаЖителите на село Лактиње општина Дебрца креираа снежна скулптура со ликот на...

Жителите на село Лактиње општина Дебрца креираа снежна скулптура со ликот на Дејан Војвода.

Дејан Димитров, познат како Дејан Војвода – роден на 22 март 1873 во село Лактиње (Дебрца, охридско), бил охридски војвода на ВМОРО, учесник во Илинденското востание. Бил најсмелиот и најпознат војвода во Деб`рца, заштитник на месното население. Во 1912 година со измама е фатен од Турците, ѕверски измачуван и свирепо убиен кај месноста Опчели во близина на селото Песочани (Деб`рца, охридско). Старите илиндненци од Деб`рца раскажувале дека она што големиот војвода го преживеал тие денови не можат да го издржат и најсилните мажи.

Турците му ги кршеле забите еден по еден, му ги корнеле мустаќите. За да го понижат пред народот на Деб`рца кој во него гледал како на Господ, на устата му ставиле алка и како мечка го воделе од село во село. Откако така го прошетале низ Деб`рца го однеле на висока карпа над една рекичка во околината на селото Песочани. Таму го врзале со јаже за половината и го спуштале во водата, се додека не се онесвестил. На крајот го качиле на еден лисник и жив го запалиле.

Во негова чест жителите на село Лактиње и ден денес го почитуваат ликот и делото на овој војвода, па затоа во негова чест со нивните вешти раце изработија и снежна скулптура со неговиот лик.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...