9.6 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаМицкоски ја прележа короната се враќа на работа и најавува македонска пролет

Мицкоски ја прележа короната се враќа на работа и најавува македонска пролет

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ објави дека по 23 дена борба со коронавирусот и 12 дена поминати на Инфективната клиника, од денеска им се враќа на своите редовни работни задачи. Тој изразува огромна благодарност до медицинскиот тим на Инфективната клиника во Скопје и нагласува дека во тешки услови се борат за секој живот со сите расположливи ресурси.

„Со овој вирус се соочи и моето семејство. И до сите сакам да порачам: чувајте се вие и вашите најблиски! Вирусот не е за потценување. Чувајте се, затоа што никој тоа нема да го направи наместо вие самите“,вели тој.

Во пораката до своите сопартијци Мицкоски вели дека заедно уште пожестоко и посилно ќе продолжат да се борат против актуелната гарнитура на власта.

„Откако најавив македонска пролет, ги слушам најавуваат пролетна офанзива. Сме ги виделе и нивните метли и нивните офанзиви. Она што со сигурност доаѓа е македонската пролет, нова надеж, наша иднина!“,вели првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...