11.9 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаДодека ние се караме дали да има, или да нема попис- Рама...

Додека ние се караме дали да има, или да нема попис- Рама ги повика македонските државјани од дијаспората да се самопопишат

Албанскиот премиер Еди Рама го пречека вицепремиерот Артан Груби со транспарент за пописот.

„Задоволство е што денес во Тирана остварив средба со албанскиот премиер Еди Рама.

Господинот Рама ме пречека со интересна порака, тој имаше напишано на еден бел лист: census.stat.gov.mk

Почестен за овој братски прием од страна на г. Еди Рама со кого разговаравме за билатералните односи меѓу Македонија и Албанија, но и за спорот што во последните месеци е реактуализиран меѓу РМ и Бугарија, но без да заборавиме да поразговараме и на темата за интеграција на нашите земји во Европската Унија.

Разменивме мислења и за Коридорот 8, проект за кој г. Рама рече дека во Албанија тоа е владин приоритет бидејќи е во интерес на земјата, но и на целиот регион. Во оваа прилика го информирав албанскиот премиер дека и во Македонија се работи на што поскоро завршување на изградбата на овој коридор.

Со г. Рама разговаравме и за важноста на процесот на регистрација на ДИАСПОРАТА каде што во оваа прилика г. Рама апелираше до дијаспората на РМ да одговори што е можно повеќе на процесот на регистрација, бидејќи со оваа акција тие исполнуваат морална и национална обврска“, напиша Груби на Фејсбук.

извор: ФБ Артан Груби

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...