14.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаСветЗа првпат се вработи Принцот Хари, неговата работа е да помогне во...

За првпат се вработи Принцот Хари, неговата работа е да помогне во процесот на носење одлуки..

Принцот Хари се вработи во сатртап компанија во Силиконската долина. Ова е негова прва работа за која тој ќе биде платен и конечно ќе почне да заработува, пишуваат американските медиуми. Хари ќе биде дел од компанијата BetterUp Inc, компанија што разви апликација којашто нуди професионални обуки, советување и менторство.

„Мојата желба е да им помагам на луѓето и позитивно да влијаам на нивните животи“, рекол Хари за американските медиуми, запрашан за неговата нова работа и додал: „Проактивното учење нуди бесконечни можности за личен развој, ја зголемува свесноста за околината и севкупно, нуди подобар живот“, рекол принцот.

Неговата улога во компанијата е да помогне во процесот на носење одлуки за стратегиите визани со апликацијата, но и во однос на донациите што ќе ги прави компанијата, хуманитарните гестови и слично.

За потсетување, принцот Хари пред околу една година се пресели во Америка со семејството. Тој, Меган и неговиот син Арчи живеат во Калифорнија. Откако си заминаа и најавија дека нема да ги исполнуваат кралските должности, семејството, наводно, го прекина нивното финансирање, а Хари и Меган сега живеат од наследството што Хари го добил од неговата мајка и од парите што Меган ги заработила во времето кога беше актерка.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...

Дуел Ковачевски-Мицкоски на трети април!

Во Среда на 3 април, ден пред стартот на предизборната кампања за претседателските и парлемнатрните избори, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви...

Ангелов: Ако победи СДСМ би работел за нив и како експерт, ама за плата од 5.000 евра

Прашан дали, ако СДСМ победи на изборите, ќе го напушти ВМРО-ДПМНЕ и ќе се врати во СДСМ, Стојанче Ангелов, претседателот на партијата „Достоинство“ синоќа...

Илија Јовановиќ: Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?!

Дома СКОПСКА СКОПСКА Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?! Од страна на Вечер -27/03/2024 - 15:08420 Илија Јовановиќ, претседател на здружението „Градиме...