6.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаГраѓаните се гневни: Во ек на пандемијата еден ден во приватните болници...

Граѓаните се гневни: Во ек на пандемијата еден ден во приватните болници чини 2.300 евра за лицата со тешка клиничка слика..

Граѓаните се гневни што во ек на пандемијата еден ден во приватните болници за лицата со тешки компликации од ковид чини 2.300 евра. Прашуваат зошто владата им го дозволува ова воено профитерство, каква е таа терапија што чини толку и зошто државните болници ја немаат или зошто државата не ги покрива тие 2.300 евра. Новинарот Дарко Штаргоски иронично коментира: Ако имаш пари ќе живееш, ако не умри – стоко сиромашна!

2.300 евра дневно за лицата со компликации од Ковид 19 за лекување во приватните болници кај нас. За тие што не разбраа пак да повторам 2.300 ЕВРА ДНЕВНО!!! Ало Влада, ало Филипче, ало Премиере, ако и вие не слушнавте добро 2.300 ЕВРА ДНЕВНО!!!

-Прво како мислите дека некој со помочана плата од 300 евра можи да си го дозволи тоа во Македонија? Да не даде Господ секој од нас може да се најде во оваа ситуација со пандемијава. Ако не се занимаваш со продавање на дрога и крадење тешко дека некој ќе има можност да го плати ова. Дури и тогаш ќе оди тешко. Или ако имаш пари ќе живееш, ако не умри – стоко сиромашна.

– Второ како е можно да им се дозволува на приватните клиники да одат со вакви цени за време на една ваква криза и пандемија?

-Трето што е тоа толку скапо во таа терапија и ако реално е скапа зошто ја немаме во државните болници?

– Четврто зошто ваквите случаи не се покриваат од страна на државата. 2.300 ЕВРА ДНЕВНО!!! Луѓе продаваат станови, куќи, цели имоти и пак неможе да се доплатат. Се собираат пари со СМС пораки, се молат за донации фирми, невидени стресови за цели фамилии! Од една страна се скршени од болка и незнаат дали блискиот ќе остане жив, од друга страна треба да трчаат и да се молат за помош.

-Петто – ОВА Е КРВНИЧКО ПРОФИТЕРСТВО КОЕ МОРА ДА ПРЕСТАНЕ!!!, пишува Штаргоски.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...

Се истепале професорки во средно училиште во Битола

Вчера во СВР Битола, 28-годишната Х.Т. од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка Ј.Н., соопшти МВР. Од...

Се огласи Паљото од Битола: Лажно сум пријавен дека сум пукал со воздушна пушка во бездомно куче од тераса

Зоран Лазаревски – Паљо, познат фитнес тренер и бодибилдер, како и поранешен кандидат за градоначалник на Битола, за „Слободен печат“ вели дека лажно е...

Малолетно момче заедно со неговиот татко натепале полициски службеници со метален предмет !!

Шеесет и четиригодишен кумановец и неговиот малолетен син биле приведени вчера откако со метален предмет нападнале полициски службеници. На 18.04.2024 во 00.35 часот во Куманово,...